Иво Ивановски
Собранието вчера доцна попладнето го избра Иво Ивановски за министер без ресор во Владата на премиерот Никола Груевски, кој ќе биде задолжен за информациско општество.
Ивановски доаѓа од САД, каде што работел во компанија за пластика. „Пласколајт инк.“ една од поголемите фабрики за пластика во Охајо - САД - како директор на секторот за информациска технологија. Ивановски (28 години) поседува повеќе дипломи од америчките универзитети .... Ивановски е и еден од основачите на Македонската православна младинска асоцијација во Северна Америка.
И досега се споменуваше името на Ивановски како иден министер за информациско општество. До назначувањето, Иво Ивановски беше советник на премиерот за ИТ. Ивановски по потекло е Битолчанец.
Па, Иво, нека ти е среќно назначувањето - ти посакуваме успешни резултати во твојот ангажман во Владата на РМ.
3 коментари:
Се надевам дека ке направи нешто во врска со Интернетот во Македонија. Многу ни е скап за нас што поседуваме Интернет Кафе.
Со среќа!
Типот може да се врати во америка и да продолжи да произведува пластични чинии во фабриката, а не да ни се прикажува како личност која се занимава со информациските технологии .
w9f69s7n35 d6i26d2t30 r1h39x1x92 k7d23g5s65 d0m42b8q01 r3s93z8s72
Објави коментар