вторник, декември 05, 2006

УНЕТ

Со написот за Унет - почнувам серијал од написи за сите ИСП (Интернет сервис провајдери) со кои ИМ (Интернет Македонија) ќе соработува во подобрување на Интернетот во МК ...

Очекуваме ваши пофалби и критики за личното искуство во работењето со УНЕТ ...

Унет е Првиот македонски Интернет Сервис Провајдер. Роденденот на Унет е истовремено и роденден на македонскиот Интернет пристап.

Унет на своите корисници им нуди комплетни комуникациски сервиси и првенствено е фокусиран на бизнис корисничката група на потрошувачи. Унет е специјализиран во изработка на Интернет и Интранет солуции, dial-up услуги, пристап на Интернет преку сателит, како и изработка на web страни со најнови технологии и хостирање на истите. Широкиот ранг на услуги кој Унет ги нуди на своите корисници им овозможува да ги намалат трошоците на своето работење, да ја зголемат продуктивноста, да ги прошират своите бизниси на нови пазари и да го подобрат начинот на работење на своите вработени. Во последно време, Унет е фокусиран на полето на корисничка грижа се со цел да се одржат односно зголемат ефектите на задоволни корисници на сервисот кој го нуди. Унет го фокусира своето работење на следење и имплементирање на новите технлогогии на Интернет бизнисот.

Во моментов Унет сервисира над 10 000 корисници: над 98% од сите странски амбасади, над 90% од сите странски институции, повеќето најголеми странски компании кои со свои претставништва се присутни во Македонија, најголемите и најпрепознатливи македонски компании, како и најголемиот број на македонски владини институции и приватни фирми. Македонско радио го слушаат македонските иселеници низ целиот свет преку Интернет благодарејќи на Унет. ТВ Медиумите, најголемиот број на радија како и печатени медиуми се дел од корисничка листа на Унет.

Унет Web Development Team има долгогодишно искуство во областа на дизајнот и развојот на web страници и web базирани апликации. Применувајќи ги најсовремените Интернет технологии како што се: FRONTPAGE EXT, ASP, PHP, Jsp, Servlet, Java Script, XML, Macromedia Flash, CGI, Perl итн, располагаме со потенцијал за изработка на модерно дизајнирани и програмирани web страници, базно ориентирани web решенија и тоа со примена на различни типови бази на податоци: ( Access, Informix, Oracle, SQL, My SQL )

Преку 200 (com.mk) домаини се регистрирани со посредување на Унет, преку 200 web страници се креирани од страна на Унет.
Ние сме креатори на првата Македонска web страна воопшто:
http://www.mkd.com.mk

Web презентациите се хостираат на најсовремени професионални сервери што е случај и со останатата опрема:
Web servers - IBM Netfinity and IBM @server X-series
Mail server - IBM @server X-series
DNS server - RS6000 / RISC
Database servers - IBM @server X-series
Radius server - IBM @server X-series

Што нуди УНЕТ....

Унет на своите корисници им нуди комплетни комуникациски сервиси и првенствено е фокусиран на бизнис корисничката група на потрошувачи, специјализиран во изработка на Интернет и Интранет солуции, dial-up услуги, пристап на Интернет преку сателит, како и изработка на web страни со најнови технологии и хостирање на истите. Широкиот ранг на услуги кој Унет ги нуди на своите корисници им овозможува да ги намалат трошоците на своето работење, да ја зголемат продуктивноста, да ги прошират своите бизниси на нови пазари и да го подобрат начинот на работење на своите вработени. Во последно време, Унет е фокусиран на полето на корисничка грижа се со цел да се одржат односно зголемат ефектите на задоволни корисници на сервисот кој го нуди.

Интернет пристап

  • Личен пристап + телефон
  • Личен пристап
  • Бизнис пристап
Веб презентации
Веб Хостирање
Дополнителни услуги

Контакт информации:

адреса: Партизански Одреди 70б
Д.Ц. Алуминка
1000 Скопје
Република Македонија
п. фах: 798
телефон: ++389 (2) 30 66 505

детални информации: info@unet.com.mk
поддршка: support@unet.com.mk
webmaster: webmaster@unet.com.mk