СКАП ИНТЕРНЕТ
Дали во Македонија е скап Интернетот или не е?
Повеќе од година дена интензивно ја пратам темава - скап ли ни е Интернетов или не е скап - никако да докажеме дека Интернетов во МК ни е прескап ...
Како ИМ (Интернет Македонија) ја застапувавме тезата дека заради неоправдано скапиот Интернет, Македонија е со енормно ниско ниво на Интернет пенетрација ...
Марјан Блажевски - во написот во Дневник од понеделник, 04 декември 2006, “МАКЕДОНИЈА НА ДНОТО ПО БРОЈОТ НА ИНТЕРНЕТ-КОРИСНИЦИ
Скапиот интернет ги остави сурферите без сон“ - изнесе свое видуваше за темава, од кое дел Ви претставувам тука:
** Според бројот на корисниците на интернет ние сме на претпоследното место во Европа, зад нас е само Албанија, покажуваат податоците на Меѓународната унија за телекомуникации (ИТУ)...
** Македонија со 7,86 отсто корисници на интернет е на претпоследното место во Европа во 2005 година. Грбот ни го чува Албанија, со 2,35 корисници на сто жители, а пред нас се Молдавија и Украина, со 9,5, односно 9,8 отсто корисници.
** Во регионот заостануваме зад соседите, кај кои просечниот процент на корисници е околу 20 отсто, во светски рамки може да се споредуваме со африканските земји Судан (7,73 отсто), Зимбабве (8,4) и Тунис (9,4), а Мароко и Маврициус имаат двојно повеќе од нас интернет-корисници на сто жители. Во земјите-членки на ЕУ овој процент во просек е нешто повеќе од 50 отсто.
Понатака, Блажевски во написот ни раскажува за еден студент кој сè уште користи само дајл-ап Интернет - и тоа најчесто во раните утрински часови ... :)
Интересно е што Македонија и не стои така лошо во однос на другите земји со бројот на компјутери ... значи отпаѓа тврдењето на некои дека ИП (интернет пенетрацијата) е мала поради малкуте и скапите компјутери ... Секако, има вистина во последниов дел од тоа тврдење ... но еве и земји со многу помал број на компјутери, кои имаат многу поголема ИП....
“...Македонија со 22 компјутера на сто жители е пред другите земји во регионов, дури и пред Хрватска ...“
Стои фактот дека просечната македонска плата од 200 евра придонесува за слабата ИП ... но и околните земји на МК (Бугарија - Србија - Црна Гора) не се со значително повисока просечна плата - но се со поголема ИП ... значи, сепак ни е скап интернетот.
2 коментари:
zzzzz2018.5.2
coach outlet
asics shoes
polo ralph lauren outlet
canada goose jackets
chargers jerseys
nike air jordan
canada goose jackets
ray ban sunglasses
coach outlet
coach outlet
n7g33x4k88 a7x64j9b53 h7l53b5c27 z3p15r9j79 f5k11k4s05 t8f87c4q88
Објави коментар