вторник, декември 05, 2006

СКАП ИНТЕРНЕТ

Дали во Македонија е скап Интернетот или не е?

Повеќе од година дена интензивно ја пратам темава - скап ли ни е Интернетов или не е скап - никако да докажеме дека Интернетов во МК ни е прескап ...

Како ИМ (Интернет Македонија) ја застапувавме тезата дека заради неоправдано скапиот Интернет, Македонија е со енормно ниско ниво на Интернет пенетрација ...

Марјан Блажевски - во написот во Дневник од понеделник, 04 декември 2006, МАКЕДОНИЈА НА ДНОТО ПО БРОЈОТ НА ИНТЕРНЕТ-КОРИСНИЦИ
Скапиот интернет ги остави сурферите без сон“ - изнесе свое видуваше за темава, од кое дел Ви претставувам тука:

**
Според бројот на корисниците на интернет ние сме на претпоследното место во Европа, зад нас е само Албанија, покажуваат податоците на Меѓународната унија за телекомуникации (ИТУ)...

** Македонија со 7,86 отсто корисници на интернет е на претпоследното место во Европа во 2005 година. Грбот ни го чува Албанија, со 2,35 корисници на сто жители, а пред нас се Молдавија и Украина, со 9,5, односно 9,8 отсто корисници.

** Во регионот заостануваме зад соседите, кај кои просечниот процент на корисници е околу 20 отсто, во светски рамки може да се споредуваме со африканските земји Судан (7,73 отсто), Зимбабве (8,4) и Тунис (9,4), а Мароко и Маврициус имаат двојно повеќе од нас интернет-корисници на сто жители. Во земјите-членки на ЕУ овој процент во просек е нешто повеќе од 50 отсто.

Понатака, Блажевски во написот ни раскажува за еден студент кој сè уште користи само дајл-ап Интернет - и тоа најчесто во раните утрински часови ... :)

Интересно е што Македонија и не стои така лошо во однос на другите земји со бројот на компјутери ... значи отпаѓа тврдењето на некои дека ИП (интернет пенетрацијата) е мала поради малкуте и скапите компјутери ... Секако, има вистина во последниов дел од тоа тврдење ... но еве и земји со многу помал број на компјутери, кои имаат многу поголема ИП....

“...Македонија со 22 компјутера на сто жители е пред другите земји во регионов, дури и пред Хрватска ...“

Стои фактот дека просечната македонска плата од 200 евра придонесува за слабата ИП ... но и околните земји на МК (Бугарија - Србија - Црна Гора) не се со значително повисока просечна плата - но се со поголема ИП ... значи, сепак ни е скап интернетот.