„Зголемување на пенетрација на широкопојасен интернет во Македонија“
Нови стратегии се подготвуваат во Македонија ... По Националната стратегија за развој на информатичкото општество во Република Македонија со соодветниот Акционен план ... се спрема стратегија за широкопојасен интернет ...
Интернет Македонија (ИМ) доби покана да учествува на трибина:
„ Зголемување на пенетрација на широкопојасен интернет во Македонија “
која ќе се одржи во
Скопје, 27 февруари 2007 г.
Трибината се одржува со цел да ги адресира предизвиците и можностите за зголемување на широкопојасниот пристап на интернет со цел да се подобри квалитетот на текстот за широкопојасниот пристап на интернет во рамките на Националната стратегија за развој на електронски комуникации и информатички технологии којашто се подготвува од страна на работна група во рамките на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.
Еве дел од материјалот кој треба да прерасне во „стратегија“ ...
II.6. ШИРОКОПОЈАСЕН ИНТЕРНЕТ
II.6.1. Состојба
Споредбата на податоците добиени од истражувањата покажува дека во најоптимистички услови само 1/3 од граѓаните го користат интернетот (без ограничување на видот на пристап - дома, на работа, интернет кафе, школа, универзитет, мобилен уред). Имајќи го во предвид мерењето на индикаторот „интернет пенетрација“ според стандардите на ЕУ (15-74 години, пристап на интернет барем еднаш во последните 3 месеци без разлика на начинот), може да се заклучи дека овој процент на интернет корисници дополнително се намалува во рангот на 15-20%. Ова претставува значително доцнење во однос на растот на корисници во ранг на ЕУ.
Иако нема јасни статистички податоци може да се заклучи дека реалниот процент на броудбенд пенетрација (процент на вмрежени домови и компании со помош на широкопојасна интернет конекција) во Република Македонија е на ниво пониско од последната рангирана земја членка на ЕУ (2%).
Од поважните настани, законски акти и проекти кои позитивно влијаеја за подобрување на состојбата треба да се одбележат:
- Донесувањето на Законот за електронски комуникации што доведе до зголемена конкурентност.
- Донесувањето на Националната стратегија за развој на информатичкото општество во Република Македонија со соодветниот Акционен план доведе до зголемување на квалитетот на е-услугите кон граѓаните.
- MKConnects, проект на USAID реализиран од провајдерот ОнНет овозможи комплетно вмрежување на сите училишта во цела Македонија, без разлика на нивната гео-положба. Воедно овозможи конкуренција на пазарот на броудбенд понуда преку инсталирање на паралелна 'рбетна мрежа и достап до последната милја преку модерна технологија која не зависи од бакарот на инкумбент операторот (МакТел).
- Освен ADSL пристапот на Македонски Телекомуникации, во изминатот период се појави конкуренција на броудбенд интернетот преку кабелските телевизии, останати провајдери но и неформалните урбани WiFi мрежи.
Освен позитивните чинители кои го придвижија зголемувањето на бројот на корисници на броудбенд интернет, постојат и причини зошто овој раст е несразмерно низок во однос на ЕУ стандардите:
- Скап и тешко достапен бекбоун пристап.
- Недоволно изградена независна оптичка мрежа низ државата.
- Спор развој на процесот на либерализација на електронските комуникации особено покажан преку тромоста на процесот за интерконекција
- Недоволно развиените и недоволно регулираните пазари за продажба на производи и услуги на големо како што се разврзаниот пристап до локална јамка и локална подјамка за вршење на широкопојасен интернет и можноста за големопродажен броудбенд пристап (посебно IP битстрим пристапот) беа главни елементи за непостоењето на конкуренција на ADSL пазарот како и triple play услугите.
- Сите градежни зафати (канали, поставување на антени, пристап до корисници) за телекомуникациски услуги се поставени во прва класа на градби, според Законот за градење, што непотребно ја комплицира изведбата на инфраструктурата (особено последната милја), што ја забавува и поскапува броудбенд пенетрацијата
- Дистрибутивните магистрали на кабелските мрежи се претежно бакарни, што ја отежнува нивната дигитализација и нудењето на напредни triple-play услуги.
II.6.2 ЕУ Трендови и стратешки определби
Според ECTA и EUROSTAT просекот на броудбенд пенетрација на ниво на ЕУ-10 (новопримени земји во ЕУ) е околу 4%. Стандардот на европско ниво (ЕУ-25) е 12-14%, со напомена дека високо-развиените ЕУ држави имаат броудбенд пенетрација на ниво од 20 до 25%. Одредбата на ЕУ преку поттикнувањето на конкурентноста и употребата на повеќе напредни технологии како FTTH, 3G, WiMax, разврзан DSL, големопродажен широкопојасен интернет пристап (вклучувајќи и пристап на ниво на IP битстрим) овозможува квалитетни и поволни понуди за граѓаните и компаниите.
Броудбенд пристапот овозможува пристап до сите е-услуги, и претставува основна алатка за надминување на дигиталниот јаз. е-Инклузијата единствено може да се постигне преку воведување на широкопојасен интернет пристап во сите домови и компании, а тоа е заложба на i2010, како еден од основните носители на трансформацијата кон економија базирана на знаење.
Како една од мерките за надминување на широкопојасниот јаз, ЕУ предвидува и употреба на структурни фондови за овозможување на широкопојасен пристап за руралните средини, кои се допрецизирани во “Guidelines on criteria and modalities of use of Structural Funds for electronic communications" од Европската Комисија.
Додатна поддршка за овој процес доаѓа преку директивата за креирање на национални броудбенд стратегии која е преземена како обврска и во eSEE иницијативата, со што се поттикнува броудбенд развојот во регионот на ЈИЕ. Овие стратегии се базираат на регулаторната рамка, државна поддршка за широкопојасен пристап во руралните средини, поврзување на школите, болниците, локалните самоуправи и стимулирање на побарувачката за широкопојасен пристап. Предностите во новите и идни членки на ЕУ се јасни: едуцирана работна сила, добри искуства во развојот на информатичкото општество, јак потенцијален економски раст благодарение на транзицијата кон економијата базирана на знаења.
i2010 налага ЕУ во наредните неколку години да постигне позитивен раст и надминување на броудбенд јазот на географско, економско ниво и на ниво на атрактивни дигитални содржини и е-услуги. Имајќи го во предвид почетното заостанување тоа значи дека Република Македонија мора да направи дополнителни напори и со значително зголемена брзина да го постигне растот на броудбенд пенетрацијата.
Предностите на широпојасниот интернет пристап во ЕУ се базира на примената во: телемедицина и е-здравство (рурални медицински центри кои аутсорсуваат врвни експерти по потреба, неподвижни пациенти и онлајн мониторинг, далечинско дијагностицирање), е-Влада (суштинска децентрализација и е-демократија), е-образование (доживотно неформално учење, портали за е-учење, е-дневник, далечинско учење на универзитети низ цел свет), рурален развој (е-агро бизнис апликации, туризам, ИКТ ресурсни центри и е-точки), и е-бизнис.
Редистрибуцијата на знаења и капитал како суштинска децентрализација ќе биде можна само доколку конкуренцијата на бродбенд пазарот се поддржи и поттикне законски и инфраструктурно низ целата територија на Република Македонија.
Вообичаени пристапни брзини во руралниоте средини во ЕУ кои би требало да бидат прифатени и на нашиот пазар се движат од минималната брзина која се смета за широкопојасен интернет - 144kbps - 512kbps. Во урбаните средини просекот во 2005 е 512-1024kbps, со забелешка дека во развиените држави на ЕУ оваа брзина во моментов се движи од 3 до 16 mbps во просек.
II.6.3. Мерки
Изработка на стратегија за широкопојасен интернет
Изработката на бродбенд стратегијата е обврска од i2010 и eSEE 2005. Изработката на стратегијата ќе се спроведува во три фази:
- Припремна фаза (анализи чии резултати се неопходни пред почеток на изработка на документот, идентификација на мултисекторскиот експертски тим кој ќе ја припрема стратегијата, изработка на компаративна анализа на европските искуства во дизајнот и имплементацијата на национални бродбенд стратегии).
- На изработката на стратегијата ќе и претходни темелна SWOT анализа и мерење на индикаторите кои се поврзани со изработката на оваа стратегија со цел да се добие јасна нулта позиција и едноставно да се мери прогресот при имплементацијата на истата.
- Исто така пред дизајнот на бродбенд стратегијата е потребна сериозна анализа на можностите за „државна интервенција“на пазарот за широкопојасен интернет преку помош на IPA или слични меѓународни и домашни (буџетски) фондови, можно поврзување со интересите на академските мрежи (МАРНет - ГЕАНТ2) и приватно-јавно партнерство во руралните средини.
- Дизајн на бродбенд стратегијата имајќи ги во предвид насоките од овој документ, анализите кои ќе претходат на процесот, насоките од ЕУ и НСРИО.
- Стратегијата за широкопојасен интернет ќе мора да предвиди такви мерки кои ќе резултираат во опкружување кое ќе ги стимулира и supply и demand страната, преку:
- создавање поволни услови за инвестиции на приватниот сектор во широкопојасна интернет инфраструктура
- овозможување на фер услови за обезбедување на конкуренција меѓу провајдерите на броудбанд мрежи и услуги
- кооперација меѓу јавниот и приватниот сектор во развој на мрежите во областите кои се сметаат за помалку развиени.
- активности на повлекување на структурните фондови на ЕУ за развој на широкопојасна инфраструктура
- едуцирање на корисниците за бенефитите од користењето и развојот на сервисите, апликациите и содржината.
- Стратегија за поддршка на создавање на достапни, корисни, поучни и интересни е-содржини и е-услуги
- Стратегијата за широкопојасниот интернет ќе се базира на идентификација на најважните проблеми и прецизна дефиниција на улогите на секој учесник во процесот.
- Мониторинг на имплементацијата на стратегијата (со особен фокус на улогата на НВО секторот и Националниот совет за информатичко општество)
Мерка 2.6.а. Изработка на Стратегија за развој на широкопојасен интернет во Република Македонија со акционен план.
Мерка 2.6.б. Промени на сите законски решенија со кои ќе се овозможи промена на категоризацијата на градежните зафати за телекомуникациски услуго.
Мерка 2.6.в. Воведување на конкуренција на големопродажен броудбенд пристап (особено за IP битстрим пристапот).
Мерка 2.6.г. Иницирање на дијалог помеѓу сите заинтересирани страни за формирање на Internet Exchange во склоп на МАРНет или како независна институција.
Мерка 2.6.д. Пропишување на минимални технички стандарди за изградба на инфрaструктура за кабелски оператори
Мерка 2.6.ѓ. Во соработка бизнис и НВО секторот да организираат еднодневни обуки за користење на интернет и е-услуги за сите заинтересирани граѓани.
Мерка 2.6.е. Администрирањето на .mk да биде анализирано од страна на Националниот совет за информатичко општество и да припреми препораки базирани на европските искуства.
Марка 2.6.ж. Изготвување на акционен план за воведување на IPv6
интернет протоколот
Мерка 2.6.з. е-Пристапност. Принципот на овозможувањето на еднакви шанси за сите граѓани мора да се почитува. Без разлика дали се работи за комуникациски системи, ИКТ, софтвер, содржина (текстуална, аудиовизуелна), уреди за пристап до интернет, е-точки, софтверски производи, мобилни телефони, уреди за прием на дигитална телевизија, предизвикот за користење на новите технологии постои особено за луѓето со хендикеп. Потребно е да се припреми водич за е-Пристапност кој би бил основа за иницирање на стратешки документ за е-Пристапност
7 коментари:
Кој има време и желба ... нека удри рецензија на текстов ... секоја добронамерна ке ја сметаме за добронамерна ...
[color=#7b8186]
Не знаеш который час в этом городе? мм.. есть мега мысль по[url=http://www.pi7.ru] видео[/url] порталу Думаю вам понравится
[url=http://www.pi7.ru]половое созревание у девочек видео скачать [/url]
aнекдот для разнообразия :)
Неудирвительно, что древние приносили в ежртву девственинц.
Они были не дуураки, чтобы жертвоват теми, окторые бают!
Я 9 часов блуждала по сети, пока не вышелана ваш форум! Думаю, я здесь останусьнадолго!
рпошу пиощения за опечаткир.... очень маленькая клавиатура у PD!A
[/color]
zzzzz2018.5.2
canada goose jackets
ralph lauren uk
adidas nmd
coach outlet online
ray ban sunglasses
bottega
jordan 8
adidas outlet
canada goose jackets
ralph lauren outlet
zzzzz2018.6.16
nike factory outlet
off white shoes
kate spade outlet online
nike huarache femme
canada goose jackets
cheap basketball shoes
mulberry uk
off white
canada goose outlet
coach factory outlet
Good write-up. I definitely love this site. Keep it up
https://rehabgad.edublogs.org/
https://prokr123.webnode.com/
http://prokr123.over-blog.com/
http://a4des.net/
https://www.prokr.net/ksa/jeddah-water-leaks-detection-isolate-companies
louboutin shoes
hermes belts for men
air max 270
kobe byrant shoes
michael kors handbags
bape hoodie
jordan shoes
balenciaga shoes
moncler
lebron shoes
see replica designer backpacks index best replica designer why not find out more gucci replica bags
Објави коментар