Земја на „информатичари“
Во петочните весници Владата објави тендер за обезбедување на бесплатен dial-up за граѓаните. Се работи за три периода:
- 24 мај до 30 јуни 2007;
- 8 декември 2007 до 19 јануари 2008;
- 8 септември 2008 до 19 јануари 2009.
Иронично е што барем пола од буџетските пари за овој тендер ќе ги лапне Телеком на име трошоци за телефонските линии. Други некул работи:
- Може да се повтори ситуацијата од новогодишното честење кога, поради малиот капацитет, многу луѓе не успеаа да се конектираат.
- Постојните големи играчи во интернет бизнисот ќе си останат неприкосновени, па откога ќе минат „бесплатните“ месеци ќе можат да си продолжат по старо.
Истовремено Владата објави и тендер за бесплатна обука на граѓаните за MS Office пакетот вклучувајќи го тука и интернетот(!). Заинтересираните за следење на обуката треба да го прочитаат овa соопштение и да се пријават до март 2007.
1 коментар:
off white clothing brand
christian louboutin shoes
longchamp handbags
chrome hearts
prada outlet
louboutin shoes
kate spade outlet
ralph lauren outlet
coach outlet
vibram five fingers
zzzzz2018.6.16
Објави коментар