вторник, јануари 09, 2007

Монополските стеги на МТ

Со продажба на МТ на Унгарскиот МАТАВ - кој само беше продолжена рака на германската корпорација (Дојче телеком... Т-ком) - Македонија падна во Монополски стеги во телекомуникациските (ТК) услуги - а во склоп на нив и на Интернет пристапот ...

Во услови кога во МК цените стоеа на место или паѓаа - цените на услугите на телеком растеа со прогресија која доведа МТ да биде најпрофитабилна компанија во МК - а и во светот да покажува најголеми профити во област каде конкуренцијата предизвика рапиден пад на цените на ТК услуги и интернет услугите - и сето тоа во услови на се помал обем на работа (помалку импулси) и огромно кратење на човековите ресурси во компанијата ...

Минатите две влади правеа само каобајаги реформи на овој ТК пазар ... со пишување на разни стратегии и со носење на закони ... со препуштање на регулаторна улога да ја прави “независно“ државно тело АЕК ... кое всушност ја одигра улогата на најголем кочничар на либерализацијата на телекомуникациските и интернет услугите во МК ...

Во последно време како да се најавуваат нови ветрови во процесот на либерализација на ТК услугите ... Се најавува намалување на цената за интерконекција и тоа рапидно намалување ... Се најавува влез на уште еден мобилен оператор ... АЕК и другите истанци се будат од зимскиот сон и почнуваат нешто и да одработуваат ...

Во врска со сето ова има едно интересно интервју со Предраг Чемерикиќ - фронтменот на Он.нет - Drzavata klucen faktor za liberaliziranje na telekomunikaciskiot pazar vo Makedonija - дадено деновиве ... каде Чемерикиќ открива дека наскоро ке почне да работи телефонската услуга на ОН.нет ... и се пофали дека има доста ефтина цена на Интернет - On.net nudi 30 dena broadband 512 kbps za 19 EUR sekade vo Makedonija, vklucitelno i najruralnite sredini ... Уште еднаш во интерјуто ја истакнува рбетната мрежа за покривање на цела МК со Безжичен интернет - WADSL ...