четврток, јануари 31, 2008

Тривијалности - интернет пристап како статусен симбол

Фамозната пенетрација, по стоти пат. Можеби секси конотацијата ја прави темава толку привлечна, ама мене ми изгледа бесмислено собирањето и објавувањето на бројки кои не служат за ништо. ОК, скоро за ништо. Неколку шарени графици убаво стојат на бела позадина.

Епа, вака: барем пола милион жители на МК, да не речам Македонци, редовно користат интернет...


Голем дел се „закачуваат“ од јавни места: „кафичи“, факултети, школи... Ако користиш интернет од дома, барем пет пати на ден викај си „You lucky bastard!“. Припаѓаш на привилегирана малцинска каста. Во ЕУ најверојатно не би имал таков елитен статус.



Корисниците на АДСЛ, кабелски или сателитски нет, пак, може да сметаат за дел од супер елитно друштво. Скоро подеднакво елитни како оние што завршиле факс.


Е сега, чкрипи кај нас, ама што ако - чкрипи и кај комшиите.

Претходно volan објави неколку показатели за интернет пенетрацијата според податоци објавени од ITU и internetworldstats, каде бројките за Македонија се нешто пониски. Во базата на податоци на Еуростат до името Македонија, наместо показатели за интернет пенетрација, зјаат празни места. Аф корс, има и бетер. Црна Гора воопшто не фигурира таму. Чакштавише ниту една Хрватска.

Би било добро Статистика, АЕК и Министерство за транспорт и врски да се активираат во промовирање на поточните бројки. Бројките не ни требаат за водење политика во сферата на интернет пристапот, пошто такво нешто немаме. Ама фино е од време на време да си го измериме со комшиите, при што секој милиметар е битен. Не за да видиме како ни оди и дали треба нешто да направиме за да ни оди подобро, туку чисто колку да мине времето.

Извор: обработени податоци од Завод за статистика и Еуростат.

6 коментари:

Алек рече...

Филип реплицираше на претходниот пост за пенетрацијата:
http://razvigormk.blogspot.com/2008/01/blog-post_9043.html

У фуснота:
Во редовни корисници на интернет спаѓаат луѓето од 16 до 74 години (во случајот на Македонија од 15-74 години) што барем еднаш неделно пристапуваат на интернет. Еуростат препорачува при ваквите анкети да се соберат барем 4000 пополнети прашалници, а Завод за статистика собира едвај 1600.

Анонимен рече...

[url=http://www.pi7.ru/zdorove/2019-gde-pritailis-mikroby.html ]Как достали советы! [/url]
Вот решила позвать домработницу на помощь. Муж не может помочь абсолютно, кроме всего прочего уже не будет этого делать. А я просто устала. Есть такие у кто обзавелся платными помощницами? Сколько вы за это платите и где вы их нашли? и еще, как Ваш муж отреагировал на то, что в дом будет приплестись посторонняя тетя

raybanoutlet001 рече...

zzzzz2018.5.2
ugg boots uk
moncler jackets
canada goose uk
christian louboutin outlet
pandora charms
ray ban sunglasses
moncler jackets
coach outlet
polo ralph lauren
adidas nmd runner

Unknown рече...

zzzzz2018.6.16
snapbacks wholesale
nike air max
salomom shoes
nike air max 2017
nike factory store
ultra boost 3.0
manolo blahnik
basket nike femme
pandora
christian louboutin outlet

theloez рече...

replica bags hong kong replica bags vancouver replica bags nancy

dette рече...

creuser ceci répliques de sacs 7a en gros son explication sacs de répliques AAA vous pouvez en savoir plus sacs de répliques en ligne