сабота, јануари 13, 2007

Земја на „информатичари“

Во петочните весници Владата објави тендер за обезбедување на бесплатен dial-up за граѓаните. Се работи за три периода:

  • 24 мај до 30 јуни 2007;
  • 8 декември 2007 до 19 јануари 2008;
  • 8 септември 2008 до 19 јануари 2009.
Ова треба да придонесе, барем краткорочно, за зголемено користење на интернетот и запознавање со можностите кои ги нуди. Според тендерот, врската ќе се прекинува по 60 минутно користење, по што повторно ќе може да се воспостави.

Иронично е што барем пола од буџетските пари за овој тендер ќе ги лапне Телеком на име трошоци за телефонските линии. Други некул работи:
  • Може да се повтори ситуацијата од новогодишното честење кога, поради малиот капацитет, многу луѓе не успеаа да се конектираат.
  • Постојните големи играчи во интернет бизнисот ќе си останат неприкосновени, па откога ќе минат „бесплатните“ месеци ќе можат да си продолжат по старо.
Накратко - браво, и се надеваме дека имате долгорочен план.

Истовремено Владата објави и тендер за бесплатна обука на граѓаните за MS Office пакетот вклучувајќи го тука и интернетот(!). Заинтересираните за следење на обуката треба да го прочитаат овa соопштение и да се пријават до март 2007.

вторник, јануари 09, 2007

Монополските стеги на МТ

Со продажба на МТ на Унгарскиот МАТАВ - кој само беше продолжена рака на германската корпорација (Дојче телеком... Т-ком) - Македонија падна во Монополски стеги во телекомуникациските (ТК) услуги - а во склоп на нив и на Интернет пристапот ...

Во услови кога во МК цените стоеа на место или паѓаа - цените на услугите на телеком растеа со прогресија која доведа МТ да биде најпрофитабилна компанија во МК - а и во светот да покажува најголеми профити во област каде конкуренцијата предизвика рапиден пад на цените на ТК услуги и интернет услугите - и сето тоа во услови на се помал обем на работа (помалку импулси) и огромно кратење на човековите ресурси во компанијата ...

Минатите две влади правеа само каобајаги реформи на овој ТК пазар ... со пишување на разни стратегии и со носење на закони ... со препуштање на регулаторна улога да ја прави “независно“ државно тело АЕК ... кое всушност ја одигра улогата на најголем кочничар на либерализацијата на телекомуникациските и интернет услугите во МК ...

Во последно време како да се најавуваат нови ветрови во процесот на либерализација на ТК услугите ... Се најавува намалување на цената за интерконекција и тоа рапидно намалување ... Се најавува влез на уште еден мобилен оператор ... АЕК и другите истанци се будат од зимскиот сон и почнуваат нешто и да одработуваат ...

Во врска со сето ова има едно интересно интервју со Предраг Чемерикиќ - фронтменот на Он.нет - Drzavata klucen faktor za liberaliziranje na telekomunikaciskiot pazar vo Makedonija - дадено деновиве ... каде Чемерикиќ открива дека наскоро ке почне да работи телефонската услуга на ОН.нет ... и се пофали дека има доста ефтина цена на Интернет - On.net nudi 30 dena broadband 512 kbps za 19 EUR sekade vo Makedonija, vklucitelno i najruralnite sredini ... Уште еднаш во интерјуто ја истакнува рбетната мрежа за покривање на цела МК со Безжичен интернет - WADSL ...

недела, декември 31, 2006

Лажливи сајтови

Судејќи според последните марифетлаци, се чини дека и во новата година Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе има чуден „однос“ со јавноста.

АЕК на 22 декември објави јавна расправа за последниот предлог-правилник (PDF, 37 KB). Во објавата стоеше дека јавната расправа ќе трае до 10 јануари и во тој период сите ќе можат да поднесат забелешки за предложениот текст. Во петокот, 29 декември, без никакво објаснување или посебно известување, ја сменија датата и сега јавната расправа трае до... баш до 29 декември. Сите што планирале после Нова година да поднесат забелешки за правилникот - може да се сметаат за зафркнати. Нека викнат „Уа, шнајдери“ и нека им служи како утеха дека, сепак, ги зезнале на ептен фраерски начин.

Инаку, законска обврска на Агенцијата е пред да ги усвои правилниците да ги објави за јавна расправа која треба да трае минимум месец дена. АЕК остава една или максимум две недели за ваква расправа - сега и со променливи дати. Изгледа дека се решени да ја прошират и онака долгата листа на прекршени законски одредби.

Друг марифетлак на АЕК - со долг историјат, но со нова манифестација - е да објавува информации на својот веб-сајт под стар датум. Така на пример, претпоследното соопштение за јавна расправа беше објавено на 21 декември, а на него стои датум - 18 декември.

Непостоечки, или необновени државни сајтови се многу лоша работа. Лажливи државни сајтови - е тоа е веќе страшно.

петок, декември 29, 2006

Бесплатен dial-up

Владата, преку оглас во дневните весници, ги објави детаљите како да се искористи бесплатниот интернет во сабота, недела, понеделник и вторник. Бесплатниот телефон е 055-200-200, username: vladanarm, password: ostvaruvame.

среда, декември 27, 2006

Интернет пенетрација од 1999 до 2006 год според ИТУ

Интернет пенетрација од 1999 до 2006 год според ИТУ

Internet penetracija 99-2006.jpg

Само податоците за 2006 година се земени одwww.internetworldstats.com

Internet penetracija 99-2006 tabela.jpg

Цени на АДСЛ конекција

Ceni ADSL.jpgCeni ADSL tabela.jpg

вторник, декември 26, 2006

АЕК - скап украс

100 вработени и над 4 милиони евра буџет. Импресивен формат! А импресивни резултати? На пример, евтин интернет, квалитетен интернет, широкодостапен интернет, конкуренција и во фиксната телефонија... Наместо резултати, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) скоро две години нуди само алиби. Де немале доволно моќ (да абдицираат), де се уште биле во формирање (иако постоеа и порано под друго име), де новинарите не ги разбирале работите, граѓанските здруженија биле нестручни, де само што не се видел некој аир од шетањето на „раководството“ по светот.

Интернет Македонија, на денешната прес-конференција, ги негираше тврдењата на Агенцијата дека пазарот на интернет услуги е целосно либерализиран. Според Интернет Македонија, смешно е да се зборува за постоење на конкурентен пазар кога цените за интернет пристап во Македонија се трипати повисоки од другите земји во Југоисточна Европа, а квалитетот е низок.

Зборувавме за интересни работи, на пример, зошто Македонија има најмал број интернет провајдери во регионот, или зошто е поголема веројатноста да ти падне клавир на глава одошто да добиеш одговор на приговор поднесен до АЕК.

Разврзувањето на локалната јамка, т.е. овозможувањето на другите провајдери да ја користат инфраструктурата на Телеком за да понудат поевтини телефонски и интернет услуги, е процес кој АЕК успешно го одлага веќе година и пол...

Повеќе за многу скапиот украс.