Информатичко општество & Заводот за статистика
Употреба на информатичко - комуникациските технологии во јавниот сектор ...
Во 2007 година, 99.4% од ентитетите во јавниот сектор (од централната и локалната власт) имале пристап на интернетСпоред податоците на Државниот завод за статистика, во 2007 година, најчесто поврзување на интернет било преку DSL технологиите (хDSL,ADSL и др.) што е регистрирано кај 67.1% од субјектите во јавниот сектор.
Во споредба со 2006 година, во 2007 година опаѓа учеството на субјектите кои користат модем (dial-up) за поврзување на интернет (за 11.6%) и оние кои користат ISDN (за 11.5%), а расте учеството на субјектите кои ги користат ADSL технологиите (за 5.8%) и на оние кои користат друго фиксно поврзување со интернет, како што е кабелското или изнајмената линија (за 8.8%).
Најзастапена локална компјутерска мрежа во 2007 година е LAN - базирана на жично поврзување, која ја имале 74.1% од субјектите во јавниот сектор што е за 11.1% повеќе од 2006 година.
Во 2007 година, своја веб-страница имале 81.4% од субјектите од јавниот сектор со интернет пристап што претставува зголемување од 3.3% во споредба со 2006 година.