петок, февруари 01, 2008

Информатичко општество & Заводот за статистика

Употреба на информатичко - комуникациските технологии во јавниот сектор ...

Во 2007 година, 99.4% од ентитетите во јавниот сектор (од централната и локалната власт) имале пристап на интернет

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2007 година, најчесто поврзување на интернет било преку DSL технологиите (хDSL,ADSL и др.) што е регистрирано кај 67.1% од субјектите во јавниот сектор.

Во споредба со 2006 година, во 2007 година опаѓа учеството на субјектите кои користат модем (dial-up) за поврзување на интернет (за 11.6%) и оние кои користат ISDN (за 11.5%), а расте учеството на субјектите кои ги користат ADSL технологиите (за 5.8%) и на оние кои користат друго фиксно поврзување со интернет, како што е кабелското или изнајмената линија (за 8.8%).

Најзастапена локална компјутерска мрежа во 2007 година е LAN - базирана на жично поврзување, која ја имале 74.1% од субјектите во јавниот сектор што е за 11.1% повеќе од 2006 година.

Во 2007 година, своја веб-страница имале 81.4% од субјектите од јавниот сектор со интернет пристап што претставува зголемување од 3.3% во споредба со 2006 година.

четврток, јануари 31, 2008

Тривијалности - интернет пристап како статусен симбол

Фамозната пенетрација, по стоти пат. Можеби секси конотацијата ја прави темава толку привлечна, ама мене ми изгледа бесмислено собирањето и објавувањето на бројки кои не служат за ништо. ОК, скоро за ништо. Неколку шарени графици убаво стојат на бела позадина.

Епа, вака: барем пола милион жители на МК, да не речам Македонци, редовно користат интернет...


Голем дел се „закачуваат“ од јавни места: „кафичи“, факултети, школи... Ако користиш интернет од дома, барем пет пати на ден викај си „You lucky bastard!“. Припаѓаш на привилегирана малцинска каста. Во ЕУ најверојатно не би имал таков елитен статус.



Корисниците на АДСЛ, кабелски или сателитски нет, пак, може да сметаат за дел од супер елитно друштво. Скоро подеднакво елитни како оние што завршиле факс.


Е сега, чкрипи кај нас, ама што ако - чкрипи и кај комшиите.

Претходно volan објави неколку показатели за интернет пенетрацијата според податоци објавени од ITU и internetworldstats, каде бројките за Македонија се нешто пониски. Во базата на податоци на Еуростат до името Македонија, наместо показатели за интернет пенетрација, зјаат празни места. Аф корс, има и бетер. Црна Гора воопшто не фигурира таму. Чакштавише ниту една Хрватска.

Би било добро Статистика, АЕК и Министерство за транспорт и врски да се активираат во промовирање на поточните бројки. Бројките не ни требаат за водење политика во сферата на интернет пристапот, пошто такво нешто немаме. Ама фино е од време на време да си го измериме со комшиите, при што секој милиметар е битен. Не за да видиме како ни оди и дали треба нешто да направиме за да ни оди подобро, туку чисто колку да мине времето.

Извор: обработени податоци од Завод за статистика и Еуростат.

ПОКАНА ЗА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Здружението за подобар интернет - Интернет Македонија, ве поканува на конференција за медиумите на која ќе се презентираат предлози за изградба на македонски интернет автопат што ќе овозможи преку примена на модерните информациски технологии да се подобри животот на луѓето и да се спречи натамошното заостанување на Македонија на ова поле.

Здружението за подобар интернет – ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА е здружение на граѓани кое работи во насока на заштита на правата на интернет-корисниците и создавање на услови за подобар, попристапен интернет за сите граѓани на Македонија.

Прес-конференцијата ќе се одржи на 1 февруари (петок), 2008 година, во просторите на НВО Инфоцентарот, со почеток од 12:00 часот.

Со почит,
Александар Николов
Претседател на Здружението за подобар интернет – ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА

Интернет пенетрација - табела 99-2007

internet penetracija 99-2007 (Large).jpg

За поголема кликни на сликата и одбери ја првата опција ...


Минатиот пат имавме слично истражување на бројките на Интернет Пенетрацијата во истите земји тогаш беше за период до 2006-та. Сега ги преземавме новите бројки од internetworldstats.com ... каде Македонија за жал е претставена со бројки од 2004 година ... но за бродбенд бројката - бројката и кај Македонија е од септември 2007 година ...

За жал македонските институции никако да сфатат дека треба да ги загрижува податокот што на така важни интернет страни се бројки од пред пет години ... имаме ли ние институции (Статистички завод и АЕК ...) кои треба да дадат податоци од сегашноста - за да инвеститорите имаат права слика кога сакаат да инвестираат во Македонија ... Сериозните инвеститори осем што бараат податоци директно од државните органи - знаат да не им веруваат и проверуваат во статистиките кои се закачени на интернет ...

Како и да е загрижувачки е дека Македонија е под два процента на бродбенд интернет корисници ... оваа бројка во иднина ке биде важна сите други бројки за интернет пенетрација ке станат небитни ...

А ние за бродбенд топрва стратегија ке готвиме и тоа во втората половина на оваа година ... уште една од непотребните купишта стратегии и хартии ...

Broadband in data communications can refer to Broadband Networks or Broadband internet and may have the same meaning as above, so that data transmission over a fiber optic cable would be referred to as broadband as compared to a telephone modem operating at 600 bits per second.

ДОПОЛНУВАЊЕ: Неколку бројки од порелевантни извори се дадени во друг пост.

сабота, јануари 26, 2008

Космофон ја доби трката за “3Г“ ... нов монопол ... од умот си патиме ...

http://www.fujitsu.com/img/TELCOM/archive/cdmamsc/cp10_01.gif

И Македонија ке добие конечно можност да корити таканаречена “3Г“ технологија ... Што е тоа на нас обичните смртници не ни е баш најасно ... Касни ли МК со оваа технологија (како впрочем и со повеќето технологии ... како е во комшиските земји ...

Ај да пробам истражувајки на интернет за што се работи да си јазјаснам себеси а бидејки ке го пишам ова на блог - можеби ке му разнаснам и на некој друг ...

“3Г“ - е израз кој се употребува за таканаречени трета генерација на мобилни телефони ...

3G is the generation of mobile phone standards and technology, after 2G. It is based on the International Telecommunication Union (ITU) family of standards under the International Mobile Telecommunications programme, "IMT-2000". 3G technologies enable network operators to offer users a wider range of more advanced services while achieving greater network capacity through improved spectral efficiency. Services include wide-area wireless voice telephony and broadband wireless data, all in a mobile environment. Typically, they provide service at 5-10 Mb per second.

Значи да упростиме за на сите да им е јасно се работи за безжичен брз (бродбенд ... ) пренос на:
- глас (телефон со одличен квалитет ..)
- видео (телевизија со исто одличен квалитет - значи и телефон со пренос на глас и видео со одличен квалитет ...) и
- дата податоци со пренос на големи брзини ...
и тоа сето со одлична брзина и квалитет ...

Во Европа “3Г“ се развива од Март 2003 година во Англија и Италија ... а другите земи во истата 2005 година имаа покриеност од 80 % со “3Г“ . Во јуни 2007 година има 200 милиони “3Г“ корисници.

Државата од оваа лиценца ке ќари 10 милиона евра за концесија ... но повторно создава монопол - правото го дава само на еден корисник. Видовме што добивме со продажбата на телекомот (МТ...) да пари ама и монопол во наредните 20 години икој крваво го плаќаме и не кочи во економските процеси ...

Испаѓа дека требаше да се доделат минимум три концесии за да има конкуренција т.е. колку мобилни оператори толку “3Г“ провајдери ... Зошто се одлучи државата за само еден концесионер кој сега е претворен во монопол ... аманте од тоа монополите ... не ни доаѓа памет ... од умот си патиме ...

понеделник, јануари 21, 2008

Оптиката во МК и развојот на интернетот ... МК Интернет Автопат ...

Се вртиме во круг ... Иако МК има капацитети на оптика кои не се користат ... како:

- Оптиката на МЕПСО
- Оптиката на МК железници и
- Дивата оптика на ОКТА

Македонија никако да пушти нова оптика меѓу државите со кои граничиме и градовите од внатрешноста. “Оптички интернет костур“ ...

Единствената оптика која МК ја има од порано и се користи е онаа према Србија која беше сопственост на Пошта и со продажбата на Маѓарите (Германците де ...) и оптиката отиде во слушба на монополот и монополистичките цели, за компанија која во последните десет години има процентно најголеми профити во светот во телекомуникацискиод пазар ... а тука кај нас се омрсија само неколку МК граѓани кои членуваа по бордовите ...

Како да се урне монополот во интернетот ми е зборот. Како да се намалат цените за зголемат брзините, како до стабилноста ...

Пред две години монополот беше исклучително изразен. Монопол на база на дуопол ... МТ и ОнНет ... Денеска имаме ситуација во која Кабелските провајдери изиграа значајна улога во намалувањето на цените ... Кабелските провајдери ги покрија скоро во потполност големите градови - кои покриваат над 80 проценти од населението на МК ... Цените полека почнаа да паѓаат - но недоволно ... Брзините полека се зголемуваат - но недоволно ... а најслабо од се е лошата техничката подршка и недостатокот на стабилност во системот ...

Дувне мало ветре или стане облачно, заврне ли, застуди ли , се качи ли температурата во лето ... интернетот паѓа како гнила крушка ... Цели денови системите неможат да се повратат од напади на ДНС сервери ...

Од стабилноста на интернетот се‘ повече зависи и економскиот пораст на земјата ... се се врзува со интернетот ... школството, здравството, банкарството, фирмите ... културните центри ... без нтернет веќе стана незамисливо ... дури и МК пратеници и советници неможат без интернет ... се зголеми понудата на македонски содржини на интернет ... да, недоволно - но се зголеми ...

Каде се кочи моментално интернетот? ... зошто не е стабилен? ... зошто паѓаат мрежите? ... зошто техничката подршка неможе да одговори на прости прашања ? ... Ако го пронајдеме одговорот на овие неколку зошто - ке го решиме проблемот ...

Фала му на бога што се увиде конечно дека ВиФи интернетот не е погоден за комерцијална употреба (дури и ОнНет престана да го нуди) ... полека се напушта и Дијал-апот ... Иако се исфаливме како земја со целосна покриеност на Интернетот во МК ... далеку сме со интернет пенетрацијата ... особено со интернет пенетрацијата на Бродбенд интернет (оној брзиот - кој ги задоволува се поголемите потребина корисниците ...) Тука сме едвај околу бројката на пет процентена бродбенд интернет пенетрација ... Сите останати бројки за Интернет пенетрација треба да ги заборовиме и прогласиме за нерелевантни ... ОнНет го подобри малку ВАДЕСЕЛОТ ... иако недоволно ... ОнНет што е многу значајно почна да нуди и свој АДСЛ (навистина преку водовите на МТ - се конечно разврза локалната јамка ...).

Но скоро ништо не направивме со WiMax - технологијата ... толку се касни со ова што таа застаре како технологија ... и се покаже дека одложувањето на овој процес - за кого мора да му се заблагодариме на мудреците во АЕК е во директна корелација со продолжувањето на Монополот т.е Дуополот (ОнНет) или најново Триополот (кабелските ...). Од сето ова сепак најголема корист има МТ т.е. нивните сегашни сопственици ... Најинтересно за нас граѓаните - Монополот на интернетот воопшто не беше предвиден во Договорот кога му го продававме телекомот на Маѓарите (Германците де ...). За монополот диртектно се заслужни нашите неспособни и неинертни кадри, кои кочеа други процеси а највеќе од се ја кочеа оптиката т.е. донесување на нова функционална оптика ...

- Така уште пред три години имаше можност да се пушти во погон Оптиката на МЕПСО
- Ист бој на години се кочи и оптиката на Железницата
- Како и дивата оптика на ОКТА ...
- Којзнае може има оптика и во каналите каде одат цевките за гас ... а ние не ни знаеме ...

И воопшто да ги немаше овие оптики - за овие неколку години што се пропуштија Македонската држава требаше да го направи Оптичкиот костур кон и во Македонија со државна интерненција (Како што се градат Автопати и Преносни далноводи ... Оптичкиот костур кон и во Македонија е Македонскиот интернет автопат ... Џабе ни се добрите локални патишта без интернет автопат сме тотално изолирани од светот ...) ... а сето останато внатрешните мрежи, да го остави на приватните компании ... А ние годините ги трошиме само за носење на стратегии ... за ова, за она ... А додека да ја донесеме стратегијата ке помине толку време - што застарева технологијата на база на која се градии стратегијата ...

Ако имавме таква оптика - немаше да ни кочи и паѓа интернетот и да ни зависи од сателитски и безжичниот пренос ... Да зависиме од дивата бежична мрежа со Косово (Кујтеса ...) ...

Само брзата изградбата на костурна мреша од и внатре во МК (Интернет Автопатот ...) со помош на државна интервенција ке доведе до стабилен, брз и ефтин интернет ...

Не сакам да ве замарам со бројки но ако има потреба ке ви дадам и бројки ... за потребни протоци за капацитетите на мрежите ... и сл.