Имаме наплив на стратегии ... Стратегија за ова ... Стратегија за она ... Во една прилика слушнав дека се спрамала национална стратегија за собирање на сметот ...
Шала на страна ... Према информациите од сајтот на МТВ - Подбрување на користењето на ИКТ со национална стратегија ... на вчерашна седница Владата разгледувала “Националната стратегија за развој на електронските комуникации со информатичка технологија.“ ...
Оваа стратегија се заговара и крчка во Министерството за танспот веќе повеќе од осум месеци ... Имаше неколку верзии кои во интерни процедури и со помош на некои невладени организации и експерти беше спрема доволно долго - за да времето ги надминува неколкуте верзии направени пред тоа ... Инаку е преземена обрвска пред ЕУ ...
Стратегијата најпрвин се бави самата со себе и ги наведува причините зошто е потебна оваа стратегија ... потоа прави пресек на состојбите со електронските комуникации и информатичка технологија во Македонија ... За на крај да се предложат насоки и мерки за подобрување на ситуацијата ... “Акционен план“ ...
Ќе почекаме документот јавно да биде објавен за да го коментираме - бидејки ова што го имаме сега е само работна верзија ... за која сме замолени да не ја коментираме ... Инаку имаше презентација на стратегијата на една Трибина „Зголемување на пенетрација на широкопојасен интернет во Македонија“ која ќе се одржа на 27 февруари 2007 г. во организација на Фондацијата Метаморфозис ... На оваа трибина ни беше презентирана и една верзија од “Националната стратегија за развој на електронските комуникации со информатичка технологија.“ (НСРЕКИТ) ... Презентер: Димитар Буковалов, Министерство за транспорт и врски на РМ
На денешната прес конференција оваа стратегија ја презентираше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
** Во последните четири-пет години има вртоглав пад на рангот на Македонија на речиси сите инфокомуникациски индикатори и таквата лоша слика за државата треба да се подобри со оваа стратегија, за која најдоцна за три месеци во соработка со приватниот сектор треба да изготвиме акциски план во кој ќе биде предвидено кои активности ќе се преземат и кои ќе бидат бенифициите.
** Следната недела ќе се одржи јавна расправа.
** Нејзиниот конечен текст треба да биде усвоен од Владата до 10 април, по што ќе се достави до Собранието.
** Согласно целите на Националната стратегија до 2010 година Македонија во користењето на информатичко-комуникациските технологии треба да достигне до 80 проценти од просекот на новите земји членки на ЕУ, а до 2012 тој просек да биде 90 проценти.
За исполнување на целите и спроведување на потребните мерки ќе се формира национален совет за информатичко општетсво, во кој ќе бидат вклучени приватниот и јавниот сектор, универзитетите и невладините организации, најави министерот Ивановски.
Во некој нареден пост ке Ви ја представиме стратегијата ...