Се вртиме во круг ... Иако МК има капацитети на оптика кои не се користат ... како:
- Оптиката на МЕПСО
- Оптиката на МК железници и
- Дивата оптика на ОКТА
Македонија никако да пушти нова оптика меѓу државите со кои граничиме и градовите од внатрешноста. “Оптички интернет костур“ ...
Единствената оптика која МК ја има од порано и се користи е онаа према Србија која беше сопственост на Пошта и со продажбата на Маѓарите (Германците де ...) и оптиката отиде во слушба на монополот и монополистичките цели, за компанија која во последните десет години има процентно најголеми профити во светот во телекомуникацискиод пазар ... а тука кај нас се омрсија само неколку МК граѓани кои членуваа по бордовите ...
Како да се урне монополот во интернетот ми е зборот. Како да се намалат цените за зголемат брзините, како до стабилноста ...
Пред две години монополот беше исклучително изразен. Монопол на база на дуопол ... МТ и ОнНет ... Денеска имаме ситуација во која Кабелските провајдери изиграа значајна улога во намалувањето на цените ... Кабелските провајдери ги покрија скоро во потполност големите градови - кои покриваат над 80 проценти од населението на МК ... Цените полека почнаа да паѓаат - но недоволно ... Брзините полека се зголемуваат - но недоволно ... а најслабо од се е лошата техничката подршка и недостатокот на стабилност во системот ...
Дувне мало ветре или стане облачно, заврне ли, застуди ли , се качи ли температурата во лето ... интернетот паѓа како гнила крушка ... Цели денови системите неможат да се повратат од напади на ДНС сервери ...
Од стабилноста на интернетот се‘ повече зависи и економскиот пораст на земјата ... се се врзува со интернетот ... школството, здравството, банкарството, фирмите ... културните центри ... без нтернет веќе стана незамисливо ... дури и МК пратеници и советници неможат без интернет ... се зголеми понудата на македонски содржини на интернет ... да, недоволно - но се зголеми ...
Каде се кочи моментално интернетот? ... зошто не е стабилен? ... зошто паѓаат мрежите? ... зошто техничката подршка неможе да одговори на прости прашања ? ... Ако го пронајдеме одговорот на овие неколку зошто - ке го решиме проблемот ...
Фала му на бога што се увиде конечно дека ВиФи интернетот не е погоден за комерцијална употреба (дури и ОнНет престана да го нуди) ... полека се напушта и Дијал-апот ... Иако се исфаливме како земја со целосна покриеност на Интернетот во МК ... далеку сме со интернет пенетрацијата ... особено со интернет пенетрацијата на Бродбенд интернет (оној брзиот - кој ги задоволува се поголемите потребина корисниците ...) Тука сме едвај околу бројката на пет процентена бродбенд интернет пенетрација ... Сите останати бројки за Интернет пенетрација треба да ги заборовиме и прогласиме за нерелевантни ... ОнНет го подобри малку ВАДЕСЕЛОТ ... иако недоволно ... ОнНет што е многу значајно почна да нуди и свој АДСЛ (навистина преку водовите на МТ - се конечно разврза локалната јамка ...).
Но скоро ништо не направивме со WiMax - технологијата ... толку се касни со ова што таа застаре како технологија ... и се покаже дека одложувањето на овој процес - за кого мора да му се заблагодариме на мудреците во АЕК е во директна корелација со продолжувањето на Монополот т.е Дуополот (ОнНет) или најново Триополот (кабелските ...). Од сето ова сепак најголема корист има МТ т.е. нивните сегашни сопственици ... Најинтересно за нас граѓаните - Монополот на интернетот воопшто не беше предвиден во Договорот кога му го продававме телекомот на Маѓарите (Германците де ...). За монополот диртектно се заслужни нашите неспособни и неинертни кадри, кои кочеа други процеси а највеќе од се ја кочеа оптиката т.е. донесување на нова функционална оптика ...
- Така уште пред три години имаше можност да се пушти во погон Оптиката на МЕПСО
- Ист бој на години се кочи и оптиката на Железницата
- Како и дивата оптика на ОКТА ...
- Којзнае може има оптика и во каналите каде одат цевките за гас ... а ние не ни знаеме ...
И воопшто да ги немаше овие оптики - за овие неколку години што се пропуштија Македонската држава требаше да го направи Оптичкиот костур кон и во Македонија со државна интерненција (Како што се градат Автопати и Преносни далноводи ... Оптичкиот костур кон и во Македонија е Македонскиот интернет автопат ... Џабе ни се добрите локални патишта без интернет автопат сме тотално изолирани од светот ...) ... а сето останато внатрешните мрежи, да го остави на приватните компании ... А ние годините ги трошиме само за носење на стратегии ... за ова, за она ... А додека да ја донесеме стратегијата ке помине толку време - што застарева технологијата на база на која се градии стратегијата ...
Ако имавме таква оптика - немаше да ни кочи и паѓа интернетот и да ни зависи од сателитски и безжичниот пренос ... Да зависиме од дивата бежична мрежа со Косово (Кујтеса ...) ...
Само брзата изградбата на костурна мреша од и внатре во МК (Интернет Автопатот ...) со помош на државна интервенција ке доведе до стабилен, брз и ефтин интернет ...
Не сакам да ве замарам со бројки но ако има потреба ке ви дадам и бројки ... за потребни протоци за капацитетите на мрежите ... и сл.