вторник, декември 05, 2006

УНЕТ

Со написот за Унет - почнувам серијал од написи за сите ИСП (Интернет сервис провајдери) со кои ИМ (Интернет Македонија) ќе соработува во подобрување на Интернетот во МК ...

Очекуваме ваши пофалби и критики за личното искуство во работењето со УНЕТ ...

Унет е Првиот македонски Интернет Сервис Провајдер. Роденденот на Унет е истовремено и роденден на македонскиот Интернет пристап.

Унет на своите корисници им нуди комплетни комуникациски сервиси и првенствено е фокусиран на бизнис корисничката група на потрошувачи. Унет е специјализиран во изработка на Интернет и Интранет солуции, dial-up услуги, пристап на Интернет преку сателит, како и изработка на web страни со најнови технологии и хостирање на истите. Широкиот ранг на услуги кој Унет ги нуди на своите корисници им овозможува да ги намалат трошоците на своето работење, да ја зголемат продуктивноста, да ги прошират своите бизниси на нови пазари и да го подобрат начинот на работење на своите вработени. Во последно време, Унет е фокусиран на полето на корисничка грижа се со цел да се одржат односно зголемат ефектите на задоволни корисници на сервисот кој го нуди. Унет го фокусира своето работење на следење и имплементирање на новите технлогогии на Интернет бизнисот.

Во моментов Унет сервисира над 10 000 корисници: над 98% од сите странски амбасади, над 90% од сите странски институции, повеќето најголеми странски компании кои со свои претставништва се присутни во Македонија, најголемите и најпрепознатливи македонски компании, како и најголемиот број на македонски владини институции и приватни фирми. Македонско радио го слушаат македонските иселеници низ целиот свет преку Интернет благодарејќи на Унет. ТВ Медиумите, најголемиот број на радија како и печатени медиуми се дел од корисничка листа на Унет.

Унет Web Development Team има долгогодишно искуство во областа на дизајнот и развојот на web страници и web базирани апликации. Применувајќи ги најсовремените Интернет технологии како што се: FRONTPAGE EXT, ASP, PHP, Jsp, Servlet, Java Script, XML, Macromedia Flash, CGI, Perl итн, располагаме со потенцијал за изработка на модерно дизајнирани и програмирани web страници, базно ориентирани web решенија и тоа со примена на различни типови бази на податоци: ( Access, Informix, Oracle, SQL, My SQL )

Преку 200 (com.mk) домаини се регистрирани со посредување на Унет, преку 200 web страници се креирани од страна на Унет.
Ние сме креатори на првата Македонска web страна воопшто:
http://www.mkd.com.mk

Web презентациите се хостираат на најсовремени професионални сервери што е случај и со останатата опрема:
Web servers - IBM Netfinity and IBM @server X-series
Mail server - IBM @server X-series
DNS server - RS6000 / RISC
Database servers - IBM @server X-series
Radius server - IBM @server X-series

Што нуди УНЕТ....

Унет на своите корисници им нуди комплетни комуникациски сервиси и првенствено е фокусиран на бизнис корисничката група на потрошувачи, специјализиран во изработка на Интернет и Интранет солуции, dial-up услуги, пристап на Интернет преку сателит, како и изработка на web страни со најнови технологии и хостирање на истите. Широкиот ранг на услуги кој Унет ги нуди на своите корисници им овозможува да ги намалат трошоците на своето работење, да ја зголемат продуктивноста, да ги прошират своите бизниси на нови пазари и да го подобрат начинот на работење на своите вработени. Во последно време, Унет е фокусиран на полето на корисничка грижа се со цел да се одржат односно зголемат ефектите на задоволни корисници на сервисот кој го нуди.

Интернет пристап

  • Личен пристап + телефон
  • Личен пристап
  • Бизнис пристап
Веб презентации
Веб Хостирање
Дополнителни услуги

Контакт информации:

адреса: Партизански Одреди 70б
Д.Ц. Алуминка
1000 Скопје
Република Македонија
п. фах: 798
телефон: ++389 (2) 30 66 505

детални информации: info@unet.com.mk
поддршка: support@unet.com.mk
webmaster: webmaster@unet.com.mk






СКАП ИНТЕРНЕТ

Дали во Македонија е скап Интернетот или не е?

Повеќе од година дена интензивно ја пратам темава - скап ли ни е Интернетов или не е скап - никако да докажеме дека Интернетов во МК ни е прескап ...

Како ИМ (Интернет Македонија) ја застапувавме тезата дека заради неоправдано скапиот Интернет, Македонија е со енормно ниско ниво на Интернет пенетрација ...

Марјан Блажевски - во написот во Дневник од понеделник, 04 декември 2006, МАКЕДОНИЈА НА ДНОТО ПО БРОЈОТ НА ИНТЕРНЕТ-КОРИСНИЦИ
Скапиот интернет ги остави сурферите без сон“ - изнесе свое видуваше за темава, од кое дел Ви претставувам тука:

**
Според бројот на корисниците на интернет ние сме на претпоследното место во Европа, зад нас е само Албанија, покажуваат податоците на Меѓународната унија за телекомуникации (ИТУ)...

** Македонија со 7,86 отсто корисници на интернет е на претпоследното место во Европа во 2005 година. Грбот ни го чува Албанија, со 2,35 корисници на сто жители, а пред нас се Молдавија и Украина, со 9,5, односно 9,8 отсто корисници.

** Во регионот заостануваме зад соседите, кај кои просечниот процент на корисници е околу 20 отсто, во светски рамки може да се споредуваме со африканските земји Судан (7,73 отсто), Зимбабве (8,4) и Тунис (9,4), а Мароко и Маврициус имаат двојно повеќе од нас интернет-корисници на сто жители. Во земјите-членки на ЕУ овој процент во просек е нешто повеќе од 50 отсто.

Понатака, Блажевски во написот ни раскажува за еден студент кој сè уште користи само дајл-ап Интернет - и тоа најчесто во раните утрински часови ... :)

Интересно е што Македонија и не стои така лошо во однос на другите земји со бројот на компјутери ... значи отпаѓа тврдењето на некои дека ИП (интернет пенетрацијата) е мала поради малкуте и скапите компјутери ... Секако, има вистина во последниов дел од тоа тврдење ... но еве и земји со многу помал број на компјутери, кои имаат многу поголема ИП....

“...Македонија со 22 компјутера на сто жители е пред другите земји во регионов, дури и пред Хрватска ...“

Стои фактот дека просечната македонска плата од 200 евра придонесува за слабата ИП ... но и околните земји на МК (Бугарија - Србија - Црна Гора) не се со значително повисока просечна плата - но се со поголема ИП ... значи, сепак ни е скап интернетот.

сабота, декември 02, 2006

Интернет МК

Пред една година, се собра едно чудно друштво на „млади, повозрасни, другари и луѓе што првпат се гледаат во животот“. На сите ни требаше добар и евтин интернет пристап, што за работа, што за забава, што за комуникација. А провајдерите не го нудеа она што ни треба. Формиравме граѓанско здружение - Интернет Македонија - и си рековме ај да пробаме да наравиме нешто. Сега сме малку постари од лани и пак работиме за:

  • подобар, попристапен интернет за сите граѓани на Македонија;
  • решавање на проблемите и заштита на правата на интернет корисниците;
  • поголема интернет пенетрација во Македонија, и
  • промовирање на можности за продуктивна употреба на интернет.
Мислам дека не бараме премногу. Изминатава година комунициравме со многу провајдери, државни органи, странци и граѓански организации... И пак мислиме дека она што го бараме - квалитетен и евтин интернет пристап - е остварливо.