петок, февруари 01, 2008

Информатичко општество & Заводот за статистика

Употреба на информатичко - комуникациските технологии во јавниот сектор ...

Во 2007 година, 99.4% од ентитетите во јавниот сектор (од централната и локалната власт) имале пристап на интернет

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2007 година, најчесто поврзување на интернет било преку DSL технологиите (хDSL,ADSL и др.) што е регистрирано кај 67.1% од субјектите во јавниот сектор.

Во споредба со 2006 година, во 2007 година опаѓа учеството на субјектите кои користат модем (dial-up) за поврзување на интернет (за 11.6%) и оние кои користат ISDN (за 11.5%), а расте учеството на субјектите кои ги користат ADSL технологиите (за 5.8%) и на оние кои користат друго фиксно поврзување со интернет, како што е кабелското или изнајмената линија (за 8.8%).

Најзастапена локална компјутерска мрежа во 2007 година е LAN - базирана на жично поврзување, која ја имале 74.1% од субјектите во јавниот сектор што е за 11.1% повеќе од 2006 година.

Во 2007 година, своја веб-страница имале 81.4% од субјектите од јавниот сектор со интернет пристап што претставува зголемување од 3.3% во споредба со 2006 година.

четврток, јануари 31, 2008

Тривијалности - интернет пристап како статусен симбол

Фамозната пенетрација, по стоти пат. Можеби секси конотацијата ја прави темава толку привлечна, ама мене ми изгледа бесмислено собирањето и објавувањето на бројки кои не служат за ништо. ОК, скоро за ништо. Неколку шарени графици убаво стојат на бела позадина.

Епа, вака: барем пола милион жители на МК, да не речам Македонци, редовно користат интернет...


Голем дел се „закачуваат“ од јавни места: „кафичи“, факултети, школи... Ако користиш интернет од дома, барем пет пати на ден викај си „You lucky bastard!“. Припаѓаш на привилегирана малцинска каста. Во ЕУ најверојатно не би имал таков елитен статус.



Корисниците на АДСЛ, кабелски или сателитски нет, пак, може да сметаат за дел од супер елитно друштво. Скоро подеднакво елитни како оние што завршиле факс.


Е сега, чкрипи кај нас, ама што ако - чкрипи и кај комшиите.

Претходно volan објави неколку показатели за интернет пенетрацијата според податоци објавени од ITU и internetworldstats, каде бројките за Македонија се нешто пониски. Во базата на податоци на Еуростат до името Македонија, наместо показатели за интернет пенетрација, зјаат празни места. Аф корс, има и бетер. Црна Гора воопшто не фигурира таму. Чакштавише ниту една Хрватска.

Би било добро Статистика, АЕК и Министерство за транспорт и врски да се активираат во промовирање на поточните бројки. Бројките не ни требаат за водење политика во сферата на интернет пристапот, пошто такво нешто немаме. Ама фино е од време на време да си го измериме со комшиите, при што секој милиметар е битен. Не за да видиме како ни оди и дали треба нешто да направиме за да ни оди подобро, туку чисто колку да мине времето.

Извор: обработени податоци од Завод за статистика и Еуростат.

ПОКАНА ЗА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Здружението за подобар интернет - Интернет Македонија, ве поканува на конференција за медиумите на која ќе се презентираат предлози за изградба на македонски интернет автопат што ќе овозможи преку примена на модерните информациски технологии да се подобри животот на луѓето и да се спречи натамошното заостанување на Македонија на ова поле.

Здружението за подобар интернет – ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА е здружение на граѓани кое работи во насока на заштита на правата на интернет-корисниците и создавање на услови за подобар, попристапен интернет за сите граѓани на Македонија.

Прес-конференцијата ќе се одржи на 1 февруари (петок), 2008 година, во просторите на НВО Инфоцентарот, со почеток од 12:00 часот.

Со почит,
Александар Николов
Претседател на Здружението за подобар интернет – ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА

Интернет пенетрација - табела 99-2007

internet penetracija 99-2007 (Large).jpg

За поголема кликни на сликата и одбери ја првата опција ...


Минатиот пат имавме слично истражување на бројките на Интернет Пенетрацијата во истите земји тогаш беше за период до 2006-та. Сега ги преземавме новите бројки од internetworldstats.com ... каде Македонија за жал е претставена со бројки од 2004 година ... но за бродбенд бројката - бројката и кај Македонија е од септември 2007 година ...

За жал македонските институции никако да сфатат дека треба да ги загрижува податокот што на така важни интернет страни се бројки од пред пет години ... имаме ли ние институции (Статистички завод и АЕК ...) кои треба да дадат податоци од сегашноста - за да инвеститорите имаат права слика кога сакаат да инвестираат во Македонија ... Сериозните инвеститори осем што бараат податоци директно од државните органи - знаат да не им веруваат и проверуваат во статистиките кои се закачени на интернет ...

Како и да е загрижувачки е дека Македонија е под два процента на бродбенд интернет корисници ... оваа бројка во иднина ке биде важна сите други бројки за интернет пенетрација ке станат небитни ...

А ние за бродбенд топрва стратегија ке готвиме и тоа во втората половина на оваа година ... уште една од непотребните купишта стратегии и хартии ...

Broadband in data communications can refer to Broadband Networks or Broadband internet and may have the same meaning as above, so that data transmission over a fiber optic cable would be referred to as broadband as compared to a telephone modem operating at 600 bits per second.

ДОПОЛНУВАЊЕ: Неколку бројки од порелевантни извори се дадени во друг пост.

сабота, јануари 26, 2008

Космофон ја доби трката за “3Г“ ... нов монопол ... од умот си патиме ...

http://www.fujitsu.com/img/TELCOM/archive/cdmamsc/cp10_01.gif

И Македонија ке добие конечно можност да корити таканаречена “3Г“ технологија ... Што е тоа на нас обичните смртници не ни е баш најасно ... Касни ли МК со оваа технологија (како впрочем и со повеќето технологии ... како е во комшиските земји ...

Ај да пробам истражувајки на интернет за што се работи да си јазјаснам себеси а бидејки ке го пишам ова на блог - можеби ке му разнаснам и на некој друг ...

“3Г“ - е израз кој се употребува за таканаречени трета генерација на мобилни телефони ...

3G is the generation of mobile phone standards and technology, after 2G. It is based on the International Telecommunication Union (ITU) family of standards under the International Mobile Telecommunications programme, "IMT-2000". 3G technologies enable network operators to offer users a wider range of more advanced services while achieving greater network capacity through improved spectral efficiency. Services include wide-area wireless voice telephony and broadband wireless data, all in a mobile environment. Typically, they provide service at 5-10 Mb per second.

Значи да упростиме за на сите да им е јасно се работи за безжичен брз (бродбенд ... ) пренос на:
- глас (телефон со одличен квалитет ..)
- видео (телевизија со исто одличен квалитет - значи и телефон со пренос на глас и видео со одличен квалитет ...) и
- дата податоци со пренос на големи брзини ...
и тоа сето со одлична брзина и квалитет ...

Во Европа “3Г“ се развива од Март 2003 година во Англија и Италија ... а другите земи во истата 2005 година имаа покриеност од 80 % со “3Г“ . Во јуни 2007 година има 200 милиони “3Г“ корисници.

Државата од оваа лиценца ке ќари 10 милиона евра за концесија ... но повторно создава монопол - правото го дава само на еден корисник. Видовме што добивме со продажбата на телекомот (МТ...) да пари ама и монопол во наредните 20 години икој крваво го плаќаме и не кочи во економските процеси ...

Испаѓа дека требаше да се доделат минимум три концесии за да има конкуренција т.е. колку мобилни оператори толку “3Г“ провајдери ... Зошто се одлучи државата за само еден концесионер кој сега е претворен во монопол ... аманте од тоа монополите ... не ни доаѓа памет ... од умот си патиме ...

понеделник, јануари 21, 2008

Оптиката во МК и развојот на интернетот ... МК Интернет Автопат ...

Се вртиме во круг ... Иако МК има капацитети на оптика кои не се користат ... како:

- Оптиката на МЕПСО
- Оптиката на МК железници и
- Дивата оптика на ОКТА

Македонија никако да пушти нова оптика меѓу државите со кои граничиме и градовите од внатрешноста. “Оптички интернет костур“ ...

Единствената оптика која МК ја има од порано и се користи е онаа према Србија која беше сопственост на Пошта и со продажбата на Маѓарите (Германците де ...) и оптиката отиде во слушба на монополот и монополистичките цели, за компанија која во последните десет години има процентно најголеми профити во светот во телекомуникацискиод пазар ... а тука кај нас се омрсија само неколку МК граѓани кои членуваа по бордовите ...

Како да се урне монополот во интернетот ми е зборот. Како да се намалат цените за зголемат брзините, како до стабилноста ...

Пред две години монополот беше исклучително изразен. Монопол на база на дуопол ... МТ и ОнНет ... Денеска имаме ситуација во која Кабелските провајдери изиграа значајна улога во намалувањето на цените ... Кабелските провајдери ги покрија скоро во потполност големите градови - кои покриваат над 80 проценти од населението на МК ... Цените полека почнаа да паѓаат - но недоволно ... Брзините полека се зголемуваат - но недоволно ... а најслабо од се е лошата техничката подршка и недостатокот на стабилност во системот ...

Дувне мало ветре или стане облачно, заврне ли, застуди ли , се качи ли температурата во лето ... интернетот паѓа како гнила крушка ... Цели денови системите неможат да се повратат од напади на ДНС сервери ...

Од стабилноста на интернетот се‘ повече зависи и економскиот пораст на земјата ... се се врзува со интернетот ... школството, здравството, банкарството, фирмите ... културните центри ... без нтернет веќе стана незамисливо ... дури и МК пратеници и советници неможат без интернет ... се зголеми понудата на македонски содржини на интернет ... да, недоволно - но се зголеми ...

Каде се кочи моментално интернетот? ... зошто не е стабилен? ... зошто паѓаат мрежите? ... зошто техничката подршка неможе да одговори на прости прашања ? ... Ако го пронајдеме одговорот на овие неколку зошто - ке го решиме проблемот ...

Фала му на бога што се увиде конечно дека ВиФи интернетот не е погоден за комерцијална употреба (дури и ОнНет престана да го нуди) ... полека се напушта и Дијал-апот ... Иако се исфаливме како земја со целосна покриеност на Интернетот во МК ... далеку сме со интернет пенетрацијата ... особено со интернет пенетрацијата на Бродбенд интернет (оној брзиот - кој ги задоволува се поголемите потребина корисниците ...) Тука сме едвај околу бројката на пет процентена бродбенд интернет пенетрација ... Сите останати бројки за Интернет пенетрација треба да ги заборовиме и прогласиме за нерелевантни ... ОнНет го подобри малку ВАДЕСЕЛОТ ... иако недоволно ... ОнНет што е многу значајно почна да нуди и свој АДСЛ (навистина преку водовите на МТ - се конечно разврза локалната јамка ...).

Но скоро ништо не направивме со WiMax - технологијата ... толку се касни со ова што таа застаре како технологија ... и се покаже дека одложувањето на овој процес - за кого мора да му се заблагодариме на мудреците во АЕК е во директна корелација со продолжувањето на Монополот т.е Дуополот (ОнНет) или најново Триополот (кабелските ...). Од сето ова сепак најголема корист има МТ т.е. нивните сегашни сопственици ... Најинтересно за нас граѓаните - Монополот на интернетот воопшто не беше предвиден во Договорот кога му го продававме телекомот на Маѓарите (Германците де ...). За монополот диртектно се заслужни нашите неспособни и неинертни кадри, кои кочеа други процеси а највеќе од се ја кочеа оптиката т.е. донесување на нова функционална оптика ...

- Така уште пред три години имаше можност да се пушти во погон Оптиката на МЕПСО
- Ист бој на години се кочи и оптиката на Железницата
- Како и дивата оптика на ОКТА ...
- Којзнае може има оптика и во каналите каде одат цевките за гас ... а ние не ни знаеме ...

И воопшто да ги немаше овие оптики - за овие неколку години што се пропуштија Македонската држава требаше да го направи Оптичкиот костур кон и во Македонија со државна интерненција (Како што се градат Автопати и Преносни далноводи ... Оптичкиот костур кон и во Македонија е Македонскиот интернет автопат ... Џабе ни се добрите локални патишта без интернет автопат сме тотално изолирани од светот ...) ... а сето останато внатрешните мрежи, да го остави на приватните компании ... А ние годините ги трошиме само за носење на стратегии ... за ова, за она ... А додека да ја донесеме стратегијата ке помине толку време - што застарева технологијата на база на која се градии стратегијата ...

Ако имавме таква оптика - немаше да ни кочи и паѓа интернетот и да ни зависи од сателитски и безжичниот пренос ... Да зависиме од дивата бежична мрежа со Косово (Кујтеса ...) ...

Само брзата изградбата на костурна мреша од и внатре во МК (Интернет Автопатот ...) со помош на државна интервенција ке доведе до стабилен, брз и ефтин интернет ...

Не сакам да ве замарам со бројки но ако има потреба ке ви дадам и бројки ... за потребни протоци за капацитетите на мрежите ... и сл.

среда, мај 23, 2007

WiMax - со намалени цени за концесија

Интернет Македонија во врска со WiMax - технологијата, уште не првите состаноци каде имаше прилика настојуваше да се постигнат три работи:

- Што порано да се распише тендерот ... бидејки од доцнењето а распишување на тендерот ... ќар има само МТ ... кој ја има доминантнатата и монополска позиција на пазарот на Интернетот и поготово телефонијата ... дека со доцнењето некој како да работи за интересите на МТ ...
- Да се намали цената за Концесијата - за доделување на фрекфенции за WiMax ... поради високите стартни трошоци за опрема за новата технологија ... и
- Да се исклучи можноста МТ или негова фамилијарна фирма да конкурира за фрекфенцијата на WiMax (поради доминантното учество на пазарот)...

АЕК касни со објавување на тендерот веќе година ипол - каслни дури толку што постои опасност од промена на технологиите ... т.е. додека му текне на АЕК да објави тендер ... ми е страв дека WiMax ке биде веќе застарена технологија ...

Не не послушаа да се исклучи МТ од можноста да конкурира на тендерот - но не послушаа барем да се намалат на половина висините на концесиите за WiMax ... и тоа дури откако тоа Владата го побарала од АЕК ...

- Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги промени условите во меѓународниот тендер за користење на радиофреквенции за фиксен безжичен пристап, попознат како Wimax технологија.
- Измените се направени на барање на Владата, за да се стимулираат малите и средни фирми да се пријават на тендерот на кој ќе се распределат две национални и 18 регионални
WiMax лиценци.
- Промените во тендерот се направени по барање на Владата која за 50 проценти го намали минималниот износ за еднократниот надоместок за 20-те
Wimax лиценци.
- Така, за национална лиценца сега ќе се бара минимален надоместок од 100.000 евра, а беше 200.000 евра
- Преполовени се и најниските надоместоци што се бараат за шесте региони каде ќе се распределуваат по три лиценци. Наместо 100.000 евра, за трите лиценци во скопскиот регион се бараат три пати по 50.000 евра. За три региони се бараат три пати по 15.000 евра и за два региони по 10.000 евра.
- Промени се направени и во критериумите за избор на најповолен понудувач. Пресудно при изборот ќе биде планот што ќе го понудат кандидатите за изградба на
WiMax мрежата и роковите за реализација. Овој услов ќе биде вреднуван со 80 поени (досега беше 60), а само 20 бодови ќе носи висината на еднократниот надоместок што ќе биде понуден.

* Од АЕК велат дека тендерска документација досега подигнале 14 домашни и странски компании.

сабота, април 21, 2007

ГОЛЕМАТА СЕСТРА – не надгледува

Нели се вели Големиот брат не посматра – мислејки на следењето на Американските шпиунски сателити - кои следат се ... Ние како ЕУ кандидатка можеме да кажеме дека “сестра“ ЕУ – истотака не надгледува во сите сектори – економија ... демократија ... слобода на ова - слобода на она ... Но решиле да надгледуваат и нешто што е специфично ... Решиле да го следат развојот на Телекомуникацискиот сектор и Електронскит комуникации уште и тоа го прават преку деветмесечни извештаи на Cullen international ...

ЕУ за областа на Телекомуникацискиот сектор и Електронскит комуникации уште од 1987 година со таканаречениот Green Paper” има донесено неколку заложби/директиви:

- “full liberalisation... значи потполна либерализација на прво место ... тоа значи елиминација на специјални и ексклузивни права ...

- ЕУ во неколку наврати издаде свои препораки - директиви во врска со Телекомуникацискиот сектор и Електронскит комуникации:

* 1998 acquis

* 2003 acquis

* 2006 review

* new acquis around 2010

Значи Еу ги следи сите земји кандидати – до каде се развојот на полето на Телекомуникацискиот сектор и Електронскит комуникации ...

Специјално се следат земјите од Југо Источна Европа – т.е. потенцијалните земји кандидатки за ЕУ

И на секои 9 месеци се прави извештај за нивото на состојбите од 2005 до 2007 година ... сето во еден пројект “Monitoring of South East Europe - telecommunications services sector and related aspects” ... и се однесува на подолу наведените земји:

· Albania;
·
Bosnia & Herzegovina. This country includes two administrative divisions, the Federation of Bosnia & Herzegovina and Republika Srpska in addition to the district of Brčko. The country is included in the report as one entity because there is common legislation and a common regulatory authority;
·
Bulgaria;
·
Croatia;
·
Montenegro;
·
Romania;
·
Serbia, including Kosovo, which has a separate status defined by UNSCR 1244. Serbia and Kosovo have different legislation and separate regulatory authorities and are therefore dealt with separately in this report.
·
Serbia;
·
Kosovo;
·
The former Yugoslav Republic of Macedonia;
·
Turkey.

За потребите на испитувањето се собираат соодветни податоци од сите земји а за Македонија надлежна да ги дава податоците е нашата славна АЕК ...

За потребите на овие извештаи Cullen International има контактирано и со независни експерти од секоја од земјите ...

Пред себе го имам последниот извештај на Cullen international за периодот MARCH 2007 година ...

Уште на почеток се нагласува дека уставното име на нашата земја е “Република Македониа“ – но поради познатиот спор со Грција и преговорите кои се водат во извештајот ке се користи името “The former Yugoslav Republic of Macedonia“ ... со код “МК“ ...

Понатака за сите горни држави е кажано во која фаза на ЕУ интеграции се наоѓа – па така за Македонија се вели дека во Април 2004 година го имаме потпишано договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ ... а во Декември 2005 сме со кандидатски статус – но со неодреден рок за почеток на преговорите ...

Веднаш тука дадена е интересна табела од која се гледа колку која земја во милиони евра изразено добила и ке добие предпристапна помош од ЕУ ...

Нивото на помошта која е одредена за Македонија е колку нивото на помошта за Албанија ... па и Косово е тука некаде ... дадено во табела 4 Table 4 – Pre-accession funding ... Најверојатно бројот на жителе е клучот за помошта ... За Македонија значи има скромни 43.6 мил.евра помош во 2006-та за да во 2009 скалесто се искачи на 81.8 мил евра ...

Во извештајот се следи состојбата на:

* public switched telephone network (PSTN);
* mobile network(s);
* leased lines;
* broadband network(s).

** Во врска со (PSTN) линиите во извештајот стои дека цените на телефонските разговори на локално ниво се пониски од оние кои се во ЕУ земјите ... додека кај повиците кон странство цените во МК се повисоки од оние во ЕУ земјите ...

Во врска со Voice over IP (VoIP) - за Македонија се вели дека е лесно возможен и дека може на база на нотификација да се понуди ... Table 6 – Overview of VoIP regulations ....

** Во врска со интернетот во овој извештај посебно се нагласува важноста на Broadband интернетот ... и се нагласува дека е многу важно да се има бродбенд конекција на интернетот за подобар економски развој ...

** Многу е важно што за првпат е дефиниранодека бродбенд интернет е се што е еднакво или повеќе од 144 Kbit/s.

Ова е многу важно со оглед на тоа дека кај нас има компании кои нудат бродбед-АДСЛ пристап а потоа испорачуваат интернет кој е под секакво дозволено ниво кое може д се рече дека е бродбденд - АДСЛ врска ...

Имено сетесте се на спорот со МТ кој по надминување на лимитот ги спушта брзините далеку под 144 Kbit/s ... со што веќе не испорачува бродбенд-АДСЛ врска ...

** Просечното ниво на броденд врската за ЕУ земјите во Октомври 2005 год е 11,45 проценти – додека земјите кои тука се посматраат имаат 3,16 проценти бродбенд врска ... Најдобро моментално стои Румунија со 5,47 проценти – Ноември 2005 ... По Романија следат Хрватска па Бугарија и Турција ... Во сите останати земји вклучувајки ја тука и Македонија процентот на бродбенд конекција е под 1 посто ...

Толку фалење за WIFI-то а сепак не сме мрднале над еден посто со бродбенд конекцијата ...

** Искуството од ЕУ земјите со бродбанд конекцијата вели дека тоа скока брзо по процесот на разврзувањето на Локалната јамка ... “local loop unbundling“ ...

Приметено е дека воколку се подобри регулативата – следи зголемена конкуренција – потоа следиот зголемени инвестиции – за на крај да имаме зголемена интернет пенетрацијата ...

** За Македонија во овој извештај се спомнува дека има проблеми со интерконекциските цени – со што се касни ... понатака се вели дека Македонија има релативно добри законски решенија но во стварноста се доцни со примената ...

** Во врска со разврзувањето на локалната јамка – за Македонија се вели дека RUO условите се донесени во април 2006 – но се остана само на теорија ... Сеуште немаме ни една изнајмена линија ...

На состаноците со АЕК го поставивме прашањето зошто не ја намалат цената на ЛЛУ ... Ни рекоа дека ниеден ИСП од Македонија нема побарано такаво нешто ... т.е. се нема побунето за високата цена на ЛЛУ ...

Од друга страна на состаноците со ИСП провајдерите од МК ... кога ке ги прашавме зошто не нудат АДСЛ преку ЛЛУ ... ни рекоа дека не им се исплати поради високата цена на ЛЛУ и АДСЛ-от ...

Интересно е дека само во Румунија има пораст на користење на ЛЛУ конекции во последниот период од 8.300 на цирка 45.000 линиии ... Веројатно тоа е и причината за големиот процент на бродбенд интернет во Романија ...

** Општите показатели на МК економија не стојат баш добро во однос на компарираните земји ... БДП за МК во 2005 е како и во 2004 и стои на цифрата од 2100 еура ... Нивото ни е исто со Албанија и БиХ ... Сите останати ни бегаат ... осем Косово кое е позади нас ...

** Се приметува и стагнирање на развојот на телекомуникацискиот пазар во Македонија кој во 2005 е на исто ниво како и во 2004 година ... Пак и тука Албанија е пред нас ... а другите ни бегаат со голема предност пред нас ...

** Од многуте податоци во извештајов за нас секако најбитни се податоците околу интернетот ... цените и интернет пенетрацијата во Македонија споредено со другите земји од извештајот ...

Податоците се загрижувачки за Македонската интернет пенетрација која во јаноари 2005 била 7 проценти за да во Јули 2006 године едвај достигне околу 10 проценти ... Ова треба сите да не загрижи ...

Сево ова се должи највеќе поради Монополот на МТ и високите цени на интернетот во МК ...

** Еве за пример цената на диалап конекција за 40 часовно користење изнесува фантастично високи 74.05 евра ... Далеку највисока цена од сите земји во регионот ... Цените во другите околни земји се и двапати дури и трипати помали а во Франција на пример се само 6 евра за исто време на користење на дијалап интернет ...

** Бродбенд интернет е посебно важен за посматрање – бидејки само преку него се остварува вистинска интернет конекција ... Се останато е само детска интернет градинка ... Ако судиме према ова Македонија е сеуште во интернет градинка бидејки повеќе од 95 проценти сеуште интернет се користи со спора/дијалап конекција ... ( низ извештајот се наведува дека во МК имаме од тотални цирка 202.000 интернет корисници – само цирка 12.000 се корисници на брз/бродбан интернет ...)

** Алармантно е што во Македонија веќе никако да порасне бројот на ИСП – компании ... Имено кај нас имаме само 5 ИСП компании за разлика од да речеме Албанија (16+11) ... БиХ 40 ... Бугарија (44+227) ... Хрватска 35 ... Романија 1.154 ... Србија (10 +30) ... Ова покажува дека во Македонија веќе неколку години наназад неможе да се створат предуслови за појава на нови ИСП компании ... Секако поради монополот на пазарот од една страна и насочената техничка помош кон само една компанија ... УСАИД проектот за ВиФи поврзувањето во Македонија ...

Во продожение видете некои табели преземени од Извештајот ... Закличоците од табелите носете ги сами ...

Internet 1.jpgInternet 2.jpgInternet 3.jpgInternet 4.jpgInternet 5.jpg

петок, април 20, 2007

Он.нет - АДСЛ и АДСЛ 2+



Он.нет се докапитализира т.е. Словенечки Телеком со четири милиони евра ке изврши докапитализација во Он.нет. Телеком Словенија преку својата интернет-страница соопштува дека парите ќе бидат употребени за изградба на широкопојасна безжична АДСЛ и АДСЛ 2+ инфраструктура.

** АДСЛ 2+ овозможува супер брз интернет пристап до максимум 20 мегабита во секунда, што е три пати побрзо од АДСЛ-от кој овозможува брзина до 7 мегабита во секунда.
** "Он.нет" со "Македонски телекомуникации" има потпишано договор РУО (разврзан пристап на локална рамка) за да ги користи бакарните водови на Телеком.

Се разбира дека треба да не радува појавата на уште една компанија која ке нуди АДСЛ и за првпат некој кој ке понуди АДСЛ 2+ ... Се надеваме дека зголемената конкуренцијата ке значи подобрување на квалитетот на интернет услугите од една страна и намалување на високите цени од друга страна ...

Малку е збунувачки што ке се нуди АДСЛ преку безжична инфраструктура а од друга страна се спомнува како опција и користењето на бакарните жички на МТ - кои ке се користат преку разврзувањето на локалната јамка ЛЛУ ...

петок, март 23, 2007

WiMax - Цена за концесија

На вчерашната седница на Владата била одредена и Цената за концесијата на WiMax - користење на фрекфенцијата 3410-3600 MHz ... Према Миле Јанакиевски Министерот за транспорт - WiMax ке стартува со тендер и постапка во Мај ... Ќе има вкупно 20 лиценци за вајмакс технологија и очекуваме во 2010 година голема територија од Македонија да биде покриена со бежичен интернет ...

За жал во написот на МТВ сајтот не е кажана цената ... Тука подсетуваме дека како Интернет Македонија побара почетниот износ кој добитниците на тендерот ќе треба да го платат за одбрението да биде минимален, за да се привлечат инвеститори во секторот.

Бидејќи WiMax-от нуди ретка можност да се заобиколи доминантната положба на Телеком, Интернет Македонија побара тие да бидат исклучени од тендерот, за што постои и одредена законска можност. Во спротивно може да се случи Телеком, самостојно или преку поврзани субјекти, да ги запоседне фреквенциите и со тоа да ја зацементира својата доминација, а поевтините, подостапните и поквалитетни услуги да останат само убави приказни од стратегиите.

За ова веќе пишувавме во постот - WiMax место MaxADSL

СТРАТЕГИЈА

Имаме наплив на стратегии ... Стратегија за ова ... Стратегија за она ... Во една прилика слушнав дека се спрамала национална стратегија за собирање на сметот ...

Шала на страна ... Према информациите од сајтот на МТВ - Подбрување на користењето на ИКТ со национална стратегија ... на вчерашна седница Владата разгледувала “Националната стратегија за развој на електронските комуникации со информатичка технологија.“ ...

Оваа стратегија се заговара и крчка во Министерството за танспот веќе повеќе од осум месеци ... Имаше неколку верзии кои во интерни процедури и со помош на некои невладени организации и експерти беше спрема доволно долго - за да времето ги надминува неколкуте верзии направени пред тоа ... Инаку е преземена обрвска пред ЕУ ...

Стратегијата најпрвин се бави самата со себе и ги наведува причините зошто е потебна оваа стратегија ... потоа прави пресек на состојбите со електронските комуникации и информатичка технологија во Македонија ... За на крај да се предложат насоки и мерки за подобрување на ситуацијата ... “Акционен план“ ...

Ќе почекаме документот јавно да биде објавен за да го коментираме - бидејки ова што го имаме сега е само работна верзија ... за која сме замолени да не ја коментираме ... Инаку имаше презентација на стратегијата на една Трибина „Зголемување на пенетрација на широкопојасен интернет во Македонија“ која ќе се одржа на 27 февруари 2007 г. во организација на Фондацијата Метаморфозис ... На оваа трибина ни беше презентирана и една верзија од Националната стратегија за развој на електронските комуникации со информатичка технологија.“ (НСРЕКИТ) ... Презентер: Димитар Буковалов, Министерство за транспорт и врски на РМ

На денешната прес конференција оваа стратегија ја презентираше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

** Во последните четири-пет години има вртоглав пад на рангот на Македонија на речиси сите инфокомуникациски индикатори и таквата лоша слика за државата треба да се подобри со оваа стратегија, за која најдоцна за три месеци во соработка со приватниот сектор треба да изготвиме акциски план во кој ќе биде предвидено кои активности ќе се преземат и кои ќе бидат бенифициите.
**
Следната недела ќе се одржи јавна расправа.
**
Нејзиниот конечен текст треба да биде усвоен од Владата до 10 април, по што ќе се достави до Собранието.
** Согласно целите на Националната стратегија до 2010 година Македонија во користењето на информатичко-комуникациските технологии треба да достигне до 80 проценти од просекот на новите земји членки на ЕУ, а до 2012 тој просек да биде 90 проценти.
За исполнување на целите и спроведување на потребните мерки ќе се формира национален совет за информатичко општетсво, во кој ќе бидат вклучени приватниот и јавниот сектор, универзитетите и невладините организации, најави министерот Ивановски.

Во некој нареден пост ке Ви ја представиме стратегијата ...

понеделник, март 12, 2007

Linux VS. Windows - тендер

Деновиве сем сведоци на објавување на тендер за набавка на персонални компјутери во средните школи ...

За сите 95 средни училишта ќе бидат потребни вкупно 10.572 персонални компјутера, 52.860 помошни апарати наречени тин-клиенти и по 63.432 монитора. Во 164 осмолетки во 84 општини ќе бидат инсталирани вкупно 7.284 персонални компјутери и по 35.278 монитори, тастатури и глувчиња.

Владата најави дека за тие потреби се обезбедени 9 милиони евра за годинава и дека уште толку ќе се обезбедат во буџетот за 2008 година.

По многуте донации еве и нашата Влада се сети да инвестира во својата иднина ...

Во една од ТВ емисиите се јави надлежниот од Министерството за образование (не му го запаметив името...). Тој појасни дека се работи за прва фаза на компјутеризација на образованието ... ке се компјутеризира наставата целосно во сите средни школи и во дел од основните ... а втора фаза ке бидат основните школи ... во кои прво треба да се исполнат техничките предуслови за компјутеризација ... Човекот најави дека со компјутеризацијата се спрема и наставна содржина (посебен тендер или проект во Министерството за образование ...) ...

На прашањето кој ке ги одржува компјутерите ... одговори дека ке имаат три годишна гаранција ... а одржувањето ке се довери на заинтересирани фирми и компании ...

Најинтересно беше прашањето - кој оперативен систем ке има во компјутерите ... Беше најавен слободниот софтвер Linux ... како решение ... Изглаеда ке имаме големе битка со Microsoft Windows ... Не сум сигурен дали минатата Влада кога го потпишуваше договорот со Микрософт дали е Македонија обврзана на ексклузивитет на Микрософт во Македонија ...

Особено ке биде интересно како ке се снаоѓаме со стручни лица за Линокс ... Имено наставничкиот кадар е обучен само за Виндовс ... бројни курсеви се одржуваа ... Чинам дека процесот на обука ке биде предолг за да успее проектот со компјутеризација на образованието во Македонија - со оглед на сталното менување на оперативниот систем ...

Дали следи раскинување на договорот со Микростофт ... за целата администрација ...

Искркрајно ако добро се размисли можеби е тоа добар потег ...

The Windows logo used since November 2006. Tux the penguin, the mascot of Linux

понеделник, март 05, 2007

КОЈ НИ Е КРИВ ...

Латас во својата понеделничка колумна во Вечер ни укажува на неколку интересни работи а во врска со нашиот Телеком ...

“.. Телеком се пофали дека лани, од нашите фиксни и мобилни разговори, групацијата заработила околу 160 милионин евра! Машала.
Тоа е најголема заработка, според влог и пазар, на една фирма во вкупниот систем на моќниот Дојче Телеком!..“

“..Во бедна Македонија, од телефонски разговори, да напариш ќар до 160 милиони евра, што е десет посто од вкупниот државен буџет, ... Ако немало магија, мора тогаш цените на услугите да биле нерално превисоки, да се дрпало и отимало за таков ќар..“

“..Дека се наплаќало по срамно високи цени, во услови на фиксен монопол, или контролирана мобилна кокуренција. А кој преклани и лани им дозволил монопол на Телеком, надвор од законот. Владата! Кој, без никаков тендер, со години наназад за владини и јавни службеници користи само еден мобилен оператор. Владата! Кој не го казнува Телеком за наплата на манипулативни трошоци, иако тоа немаат право. Владата.
Значи: кој го направил тој васионски ќар за групацијата Телеком? Атила Сендреи и неговите пирати?! Не, Владата им го направила тој ќар.
А ќарот е од наши пари. Од незаконски монопол и незаслужено високи цени на услугите..“

Немам што да додадам или да одземам од текстот на Латас ... за истото го делиме мислењето ... многупати од нас е укажувано за истото ... заради истите причини на заговор на МК Влада против сопствениот народ имаме и најскап интернет во регионот ... и од земја лидер во Интернет процесите - станавме земја на дното на Интернет пенетрацијата ...

За ова пишуваме во - Монополските стеги на МТ ... Цени на АДСЛ конекција ... СКАП ИНТЕРНЕТ ...

понеделник, февруари 26, 2007

WiMax место MaxADSL

Воведувањето на WiMax технологии во Македонија беше главна тема на денешната јавна расправа во Агенцијата за електронски комуникации. WiMax е технологија за безжичен бродбенд пристап, која треба да стане главна алтернатива на (А)ДСЛ и кабелскиот пристап. WiMax-от нуди уникатна можност да се привлечат нови инвестиции во комуникациските мрежи во Македонија и да се сруши статус-кво состојбата наметната од големите оператори.

Се чини дека Агенцијата се прешалта од лер во прва брзина во пресрет на 31 март, до кога треба да поднесе годишен извештај за своето работење. После година дена одолговлекување, денес најавија дека во втората половина на март ќе распишат тендер за користење на радифреквенцискиот опсег 3410-3600 MHz, наменет за ваквата технологија.

Пред голем број заинтересирани оператори и снабдувачи со опрема, беше претставена последната верзија на плановите за овој опсег. Ќе се доделуваат 2 национални одобренија за користење на опсегот и по три регионални одобренија. Територијата на Македонија ќе биде поделена на шест региони, од кои еден е скопскиот. Со оглед дека Скопје има најголема концентрација на население на најмала површина, реална е можноста тука да биде насочен главниот интерес и најголемите инвестиции, а некои други, помалку привлечни делови на Македонија пак да извисат. Затоа побаравме доделувањето на одобренија за Скопје да се услови и со развој на WiMax инфраструктура во некој друг регион.

Бидејќи WiMax-от нуди ретка можност да се заобиколи доминантната положба на Телеком, Интернет Македонија побара тие да бидат исклучени од тендерот, за што постои и одредена законска можност. Во спротивно може да се случи Телеком, самостојно или преку поврзани субјекти, да ги запоседне фреквенциите и со тоа да ја зацементира својата доминација, а поевтините, подостапните и поквалитетни услуги да останат само убави приказни од стратегиите. Затоа, тендерот мора да содржи добри заштитни механизми со рокови за спроведување на инвестициите поткрепени со големи пенали доколку тие не се реализираат.

Интернет Макеоднија побара почетниот износ кој добитниците на тендерот ќе треба да го платат за одбрението да биде минимален, за да се привлечат инвеститори во секторот. Ова е особено важно зошто, според некои пресметки, за еден оператор да ја покрие целата територија на Македонија може да му требаат и над 10 милиони евра, ако почнува од нула. Нема потреба оваа сума да се оптоварува и со големи давачки кон државата.

На крај, информацијата за јавната расправа беше објавена на веб-страната на Агенцијата дури во петокот, со напомена дека заинтерeсираните треба да се пријават до крајот на работното време. После променливите рокови, сега имаме и шок рокови. Веќе се навикнавме на адреналински јавни расправи.

среда, февруари 21, 2007

„Зголемување на пенетрација на широкопојасен интернет во Македонија“

Нови стратегии се подготвуваат во Македонија ... По Националната стратегија за развој на информатичкото општество во Република Македонија со соодветниот Акционен план ... се спрема стратегија за широкопојасен интернет ...

Интернет Македонија (ИМ) доби покана да учествува на трибина:
Зголемување на пенетрација на широкопојасен интернет во Македонија “

која ќе се одржи во

Скопје, 27 февруари 2007 г.

Трибината се одржува со цел да ги адресира предизвиците и можностите за зголемување на широкопојасниот пристап на интернет со цел да се подобри квалитетот на текстот за широкопојасниот пристап на интернет во рамките на Националната стратегија за развој на електронски комуникации и информатички технологии којашто се подготвува од страна на работна група во рамките на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.

Еве дел од материјалот кој треба да прерасне во „стратегија“ ...

II.6. ШИРОКОПОЈАСЕН ИНТЕРНЕТ

II.6.1. Состојба

Споредбата на податоците добиени од истражувањата покажува дека во најоптимистички услови само 1/3 од граѓаните го користат интернетот (без ограничување на видот на пристап - дома, на работа, интернет кафе, школа, универзитет, мобилен уред). Имајќи го во предвид мерењето на индикаторот „интернет пенетрација“ според стандардите на ЕУ (15-74 години, пристап на интернет барем еднаш во последните 3 месеци без разлика на начинот), може да се заклучи дека овој процент на интернет корисници дополнително се намалува во рангот на 15-20%. Ова претставува значително доцнење во однос на растот на корисници во ранг на ЕУ.

Иако нема јасни статистички податоци може да се заклучи дека реалниот процент на броудбенд пенетрација (процент на вмрежени домови и компании со помош на широкопојасна интернет конекција) во Република Македонија е на ниво пониско од последната рангирана земја членка на ЕУ (2%).

Од поважните настани, законски акти и проекти кои позитивно влијаеја за подобрување на состојбата треба да се одбележат:

  • Донесувањето на Законот за електронски комуникации што доведе до зголемена конкурентност.
  • Донесувањето на Националната стратегија за развој на информатичкото општество во Република Македонија со соодветниот Акционен план доведе до зголемување на квалитетот на е-услугите кон граѓаните.
  • MKConnects, проект на USAID реализиран од провајдерот ОнНет овозможи комплетно вмрежување на сите училишта во цела Македонија, без разлика на нивната гео-положба. Воедно овозможи конкуренција на пазарот на броудбенд понуда преку инсталирање на паралелна 'рбетна мрежа и достап до последната милја преку модерна технологија која не зависи од бакарот на инкумбент операторот (МакТел).
  • Освен ADSL пристапот на Македонски Телекомуникации, во изминатот период се појави конкуренција на броудбенд интернетот преку кабелските телевизии, останати провајдери но и неформалните урбани WiFi мрежи.

Освен позитивните чинители кои го придвижија зголемувањето на бројот на корисници на броудбенд интернет, постојат и причини зошто овој раст е несразмерно низок во однос на ЕУ стандардите:

  • Скап и тешко достапен бекбоун пристап.
  • Недоволно изградена независна оптичка мрежа низ државата.
  • Спор развој на процесот на либерализација на електронските комуникации особено покажан преку тромоста на процесот за интерконекција
  • Недоволно развиените и недоволно регулираните пазари за продажба на производи и услуги на големо како што се разврзаниот пристап до локална јамка и локална подјамка за вршење на широкопојасен интернет и можноста за големопродажен броудбенд пристап (посебно IP битстрим пристапот) беа главни елементи за непостоењето на конкуренција на ADSL пазарот како и triple play услугите.
  • Сите градежни зафати (канали, поставување на антени, пристап до корисници) за телекомуникациски услуги се поставени во прва класа на градби, според Законот за градење, што непотребно ја комплицира изведбата на инфраструктурата (особено последната милја), што ја забавува и поскапува броудбенд пенетрацијата
  • Дистрибутивните магистрали на кабелските мрежи се претежно бакарни, што ја отежнува нивната дигитализација и нудењето на напредни triple-play услуги.

II.6.2 ЕУ Трендови и стратешки определби

Според ECTA и EUROSTAT просекот на броудбенд пенетрација на ниво на ЕУ-10 (новопримени земји во ЕУ) е околу 4%. Стандардот на европско ниво (ЕУ-25) е 12-14%, со напомена дека високо-развиените ЕУ држави имаат броудбенд пенетрација на ниво од 20 до 25%. Одредбата на ЕУ преку поттикнувањето на конкурентноста и употребата на повеќе напредни технологии како FTTH, 3G, WiMax, разврзан DSL, големопродажен широкопојасен интернет пристап (вклучувајќи и пристап на ниво на IP битстрим) овозможува квалитетни и поволни понуди за граѓаните и компаниите.

Броудбенд пристапот овозможува пристап до сите е-услуги, и претставува основна алатка за надминување на дигиталниот јаз. е-Инклузијата единствено може да се постигне преку воведување на широкопојасен интернет пристап во сите домови и компании, а тоа е заложба на i2010, како еден од основните носители на трансформацијата кон економија базирана на знаење.

Како една од мерките за надминување на широкопојасниот јаз, ЕУ предвидува и употреба на структурни фондови за овозможување на широкопојасен пристап за руралните средини, кои се допрецизирани во “Guidelines on criteria and modalities of use of Structural Funds for electronic communications" од Европската Комисија.

Додатна поддршка за овој процес доаѓа преку директивата за креирање на национални броудбенд стратегии која е преземена како обврска и во eSEE иницијативата, со што се поттикнува броудбенд развојот во регионот на ЈИЕ. Овие стратегии се базираат на регулаторната рамка, државна поддршка за широкопојасен пристап во руралните средини, поврзување на школите, болниците, локалните самоуправи и стимулирање на побарувачката за широкопојасен пристап. Предностите во новите и идни членки на ЕУ се јасни: едуцирана работна сила, добри искуства во развојот на информатичкото општество, јак потенцијален економски раст благодарение на транзицијата кон економијата базирана на знаења.

i2010 налага ЕУ во наредните неколку години да постигне позитивен раст и надминување на броудбенд јазот на географско, економско ниво и на ниво на атрактивни дигитални содржини и е-услуги. Имајќи го во предвид почетното заостанување тоа значи дека Република Македонија мора да направи дополнителни напори и со значително зголемена брзина да го постигне растот на броудбенд пенетрацијата.

Предностите на широпојасниот интернет пристап во ЕУ се базира на примената во: телемедицина и е-здравство (рурални медицински центри кои аутсорсуваат врвни експерти по потреба, неподвижни пациенти и онлајн мониторинг, далечинско дијагностицирање), е-Влада (суштинска децентрализација и е-демократија), е-образование (доживотно неформално учење, портали за е-учење, е-дневник, далечинско учење на универзитети низ цел свет), рурален развој (е-агро бизнис апликации, туризам, ИКТ ресурсни центри и е-точки), и е-бизнис.

Редистрибуцијата на знаења и капитал како суштинска децентрализација ќе биде можна само доколку конкуренцијата на бродбенд пазарот се поддржи и поттикне законски и инфраструктурно низ целата територија на Република Македонија.

Вообичаени пристапни брзини во руралниоте средини во ЕУ кои би требало да бидат прифатени и на нашиот пазар се движат од минималната брзина која се смета за широкопојасен интернет - 144kbps - 512kbps. Во урбаните средини просекот во 2005 е 512-1024kbps, со забелешка дека во развиените држави на ЕУ оваа брзина во моментов се движи од 3 до 16 mbps во просек.

II.6.3. Мерки

Изработка на стратегија за широкопојасен интернет

Изработката на бродбенд стратегијата е обврска од i2010 и eSEE 2005. Изработката на стратегијата ќе се спроведува во три фази:

  • Припремна фаза (анализи чии резултати се неопходни пред почеток на изработка на документот, идентификација на мултисекторскиот експертски тим кој ќе ја припрема стратегијата, изработка на компаративна анализа на европските искуства во дизајнот и имплементацијата на национални бродбенд стратегии).
    • На изработката на стратегијата ќе и претходни темелна SWOT анализа и мерење на индикаторите кои се поврзани со изработката на оваа стратегија со цел да се добие јасна нулта позиција и едноставно да се мери прогресот при имплементацијата на истата.
    • Исто така пред дизајнот на бродбенд стратегијата е потребна сериозна анализа на можностите за „државна интервенција“на пазарот за широкопојасен интернет преку помош на IPA или слични меѓународни и домашни (буџетски) фондови, можно поврзување со интересите на академските мрежи (МАРНет - ГЕАНТ2) и приватно-јавно партнерство во руралните средини.
  • Дизајн на бродбенд стратегијата имајќи ги во предвид насоките од овој документ, анализите кои ќе претходат на процесот, насоките од ЕУ и НСРИО.
    • Стратегијата за широкопојасен интернет ќе мора да предвиди такви мерки кои ќе резултираат во опкружување кое ќе ги стимулира и supply и demand страната, преку:
      • создавање поволни услови за инвестиции на приватниот сектор во широкопојасна интернет инфраструктура
      • овозможување на фер услови за обезбедување на конкуренција меѓу провајдерите на броудбанд мрежи и услуги
      • кооперација меѓу јавниот и приватниот сектор во развој на мрежите во областите кои се сметаат за помалку развиени.
      • активности на повлекување на структурните фондови на ЕУ за развој на широкопојасна инфраструктура
      • едуцирање на корисниците за бенефитите од користењето и развојот на сервисите, апликациите и содржината.
      • Стратегија за поддршка на создавање на достапни, корисни, поучни и интересни е-содржини и е-услуги
      • Стратегијата за широкопојасниот интернет ќе се базира на идентификација на најважните проблеми и прецизна дефиниција на улогите на секој учесник во процесот.
  • Мониторинг на имплементацијата на стратегијата (со особен фокус на улогата на НВО секторот и Националниот совет за информатичко општество)

Мерка 2.6.а. Изработка на Стратегија за развој на широкопојасен интернет во Република Македонија со акционен план.

Мерка 2.6.б. Промени на сите законски решенија со кои ќе се овозможи промена на категоризацијата на градежните зафати за телекомуникациски услуго.

Мерка 2.6.в. Воведување на конкуренција на големопродажен броудбенд пристап (особено за IP битстрим пристапот).

Мерка 2.6.г. Иницирање на дијалог помеѓу сите заинтересирани страни за формирање на Internet Exchange во склоп на МАРНет или како независна институција.

Мерка 2.6.д. Пропишување на минимални технички стандарди за изградба на инфрaструктура за кабелски оператори

Мерка 2.6.ѓ. Во соработка бизнис и НВО секторот да организираат еднодневни обуки за користење на интернет и е-услуги за сите заинтересирани граѓани.

Мерка 2.6.е. Администрирањето на .mk да биде анализирано од страна на Националниот совет за информатичко општество и да припреми препораки базирани на европските искуства.

Марка 2.6.ж. Изготвување на акционен план за воведување на IPv6

интернет протоколот

Мерка 2.6.з. е-Пристапност. Принципот на овозможувањето на еднакви шанси за сите граѓани мора да се почитува. Без разлика дали се работи за комуникациски системи, ИКТ, софтвер, содржина (текстуална, аудиовизуелна), уреди за пристап до интернет, е-точки, софтверски производи, мобилни телефони, уреди за прием на дигитална телевизија, предизвикот за користење на новите технологии постои особено за луѓето со хендикеп. Потребно е да се припреми водич за е-Пристапност кој би бил основа за иницирање на стратешки документ за е-Пристапност